Член 92-а
Максимален износ за исплата на надоместок
Максималниот износ за исплата на надоместокот од членот 92 став (10) на овој закон за
производство на домашната документарна програма и на домашната играна програма по видови
(телевизиски филмови, анимирани филмови, серии и серијали, монодрами и драми, комедија на
ситуации, теленовели и сапунски опери), се утврдува со одлука што ја донесува Владата на
Република Македонија во рок од 30 дена од денот на донесување на Буџетот на Република
Македонија на предлог на Министерството з�� информатичко општество и администрација.
Член 92-б
Меѓуресорска комисија
(1) Исполнување на критериумите од членот 92 став (11) на овој закон, како и предлогот за
исплата на средствата за покривање на трошоците за производството на домашна документарна
програма и/или домашна играна програма, ги утврдува меѓуресорска комисија (во понатамшниот
текст: комисија) која ја формира Владата на Република Македонија.
(2) Комисијата се состои од седум члена и нивни заменици и тоа со по еден преставник и
заменик од: Министерство за финансии, Министерство за култура, Агенција за филм, Агенцијата
за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од канцеларијата на претседателот на Владата на
Република Македонија, Управа за јавни приходи и Министерство за информатичко општество и
администрација.
(3) Мандатот на членовите и нивните заменици на Комисијата е две години.
(4) Одредбите од членот 16 ставови (1) и (2) и членот 17 став (1) од овој закон соодветно ќе се
применуваат и во поглед на условите за избор и престанок на мандатот на член и негов заменик.
(5) Членовите на Комисијата и нивните заменици при нивниот избор доставуваат изјава заверена
на нотар дека ги исполнуваат условите утврдени во член 16 ставови (1) и (2) од овој закон.
(6) Комисијата од редот на своите членови избира претседател и заменик на претседателот кој ги
свикува и води седниците на комисијата.
(7) Комисијата одлучува со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови.
(8) Комисијата за својата работа донесува Деловник за работа.
Член 92-в
Надлежност на комисијата
(1) Делокругот на работа на комисијата од членот 92-б е да:
- го одобрува предлог проектот за производство на домашна документарна програма и/или
домашна играна програма;
- го следи процесот на производство на одобрениот предлог проект за производство на домашна
играна програма и/или домашна документарна програма;
- ги проверува и утврдува реално направените трошоци за производство на одобрениот проект за
производство на домашна играна програма и/или домашна документарна програма;
- доставува предлог до Министерството за информатичко општество и администрација за исплата
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents