Член 93
Користење на телефонски услуги со додадена вредност и телефонско
гласање
(1) Радиодифузерите можат да користат телефонски услуги со додадена вредност, вклучувајќи го
и телефонското гласање, освен во вести, во информативна и образовна програма, во верски
служби и проповеди и во програми за деца.
(2) Во програмите на непрофитните радиодифузни установи не е дозволено користење на
телефонски услуги со додадена вредност.
(3) Правилата за користење на телефонски услуги со додадена вредност во другите видови
програми ги пропишува Агенцијата.
Член 94
Емитување игри на среќа
(1) Радиодифузерите можат да емитуваат игри на среќа организирани само од субјекти со
лиценца од надлежен орган за организирање игри на среќа.
(2) Јавниот радиодифузен сервис на своите програми не може да организира и да емитува игри
на среќа со обложување на спортски натпревари.
Член 95
Поврзување во единствен систем
(1) Радиодифузерите што вршат дејност на локално ниво можат да се поврзуваат во единствен
систем за емитување на заедничка програма, само по претходно доставено известување до
Агенцијата, но не подолго од 4 часа во текот на 24 часа.
(2) Радиодифузерите што се поврзуваат во единствен систем за емитување на заедничка
програма се должни да ја известат Агенцијата за програмскиот концепт за заедничката програма
и да именуваат одговорен уредник на програмата.
Член 96
Следење на изборна кампања
(1) За време на изборна кампања радиодифузерите се должни да ги почитуваат прописите со кои
се регулираат изборите во Република Македонија.
(2) Агенцијата врши активности поврзани со изборите во Република Македонија во согласност со
прописите со кои се регулираат изборите во Република Македонија.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents