(3) Агенцијата ги извршува работите во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на него, Законот за медиуми, Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон поинаку не е одредено, други закони и стратешки документи на Република Македонија, како и меѓународните договори од областа на медиумите и аудиовизуелните медиумски услуги што ги склучила или на кои им пристапила Република Македонија. Член 6 Надлежности на Агенцијата (1) Агенцијата во согласност со овој закон: - се грижи за обезбедување на јавност во работата на радиодифузерите, - ја поттикнува слободата на изразување, - се грижи за заштита и развој на плурализмот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, охрабрува и поддржува постоење на разновидни, независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, - презема мерки во согласност со овој закон во случаите кога е извршена повреда на одредбите на овој закон или на прописите донесени врз основа на него и условите и обврските од дозволите, - се грижи за обезбедување заштита на малолетните лица, - ги донесува актите кои произлегуваат од овој закон; - се грижи за заштита на интересите на граѓаните во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, - утврдува постоење на недозволена медиумска концентрација, - одлучува за доделба, одземање или продолжување на дозволите за телевизиско или радио емитување, - презема мерки за времено ограничување на пренос и прием на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од други држави на територијата на Република Македонија согласно со членот 45 од овој закон, - донесува листа на настани од големо значење за јавноста на Република Македонија, - поттикнува медиумска писменост, - врши надзор согласно со членовите 28, 29 и 30 од овој закон, - ги води регистрите утврдени со овој закон; - спроведува истражувања и анализи во врска со одделни прашања од областа на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, - врши мерење на гледаност или слушност на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите од Република Македонија и - врши и други работи утврдени со овој закон. (2) Начинот на мерење на гледаност или слушност на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите од Република Македонија го пропишува Агенцијата. Член 7 Деловник за работа на Агенцијата (1) Работењето на Агенцијата поблиску се уредува со Деловник за работа на Агенцијата. (2) Деловникот за работа на Агенцијата особено содржи одредби за: - заштитен знак и изработка и употреба на печати на Агенцијата, - начин и постапка за водење на седниците на Советот на Агенцијата, - постапка за именување и разрешување на претседателот и заменик на претседателот на Советот на Агенцијата, - постапка за именување и разрешување на директор на Агенцијата, - постапка за донесување на подзаконските акти и другите акти кои произлегуваат од овој закон,

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents