Член 103 Врематраење на рекламирањето кај јавниот радиодифузен сервис (1) Времетраењето на рекламирањето кај јавниот радиодифузен сервис не може да изнесува повеќе од 8 минути од времето на емитување во текот на еден реален час. (2) Одредбата од ставот (1) на овој член не се однесува на: - објави на радиодифузерот во врска со неговите сопствени програми и помошни производи директно изведени од тие програми и објави за спонзорство и пласирање на производи и - соопштенија од јавен интерес и апели за добротворни цели што радиодифузерите ќе ги емитуваат бесплатно и ќе ги означат како „бесплатно емитување“. (3) Јавниот радиодифузен сервис за емитување на реклами може да ги прекинува само играната, спортската и забавната програма. (4) На јавниот радиодифузен сервис не му е дозволено рекламирање во периодот од 17,00 до 21,00 часот на телевизиските програмски сервиси и од 9,00 до 14,00 часот на радио програмските сервиси, освен во преноси и интегрални снимки на спортски натпревари, програма од сопствена продукција, друга програма произведена во Република Македонија, културни манифестации и настани од големо значење утврдени согласно со овој закон. VI. ЈАВЕН РАДИОДИФУЗЕН СЕРВИС Член 104 Македонска радио-телевизија (1) Функциите на јавен радиодифузен сервис во Република Македонија ги врши Македонската радио-телевизија ( во натамошниот текст: МРТ). (2) Република Македонија е основач на МРТ и истата има статус на јавно претпријатие и работи на начин и под услови утврдени со овој закон и актите донесени врз основа на него. (3) МРТ како јавен радиодифузен сервис во Република Македонија е независна од кој било државен орган, друго јавно правно лице или трговско друштво и треба во уредувачката и деловната политика да биде непристрасна кон нив. (4) МРТ врши дејност од јавен интерес во областа на радиодифузијата во Република Македонија што опфаќа производство и обезбедување на радио и телевизиски програми и програмски сервиси согласно со членот 107 од овој закон преку исполнување на програмски обврски, стандарди и начела согласно со членовите 91, 92, 110 и 111 од овој закон. (5) МРТ има седиште во Скопје. (6) МРТ основа регионални продукциони центри. (7) Скратениот назив на Македонската радио-телевизија е МРТ. (8) Имотот и средствата за работа на МРТ ги користи и со нив управува МРТ на начин и под услови утврдени со овој закон.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents