Член 126
Надоместок за членовите на Надзорниот одбор на МРТ
Членовите на Надзорниот одбор на МРТ за својата работа добиваат месечен надоместок во
висина до една и половина просечна месечна плата во Република Македонија според податоците
објавени од Државниот завод за статистика, согласно со Статутот на МРТ.
Член 127
Неспоивост на функции
Членови на Надзорниот одбор на МРТ не можат да бидат:
- пратеници, членови на Владата, именувани или избрани функционери, раководни лица во
државен орган, орган на државната управа, единица на локалната самоуправа или регулаторни
тела, директори или членови на управни одбори на јавни претпријатија,
- лица кои извршуваат должност во органите на политичка партија,
- лица кои како сопственици на удели или акции, како членови на органи на управување, или
како вработени, имаат интерес во други радиодифузери, новински агенции, друштва за реклама
и пропаганда, друштва за истражување на пазарот и јавното мислење, друштва за филмска
дистрибуција, друштва за филмска продукција или на друштва кои обезбедуваат јавни
електронски комуникациски мрежи и услуги,
- членови на Програмскиот совет на МРТ или
- вработени во МРТ и надворешни лица со кои МРТ има склучено договор за извршување на
одредени работи.
Член 128
Престанок на мандатот на член на Надзорниот одбор на МРТ
(1) Мандатот на член на Надзорниот одбор на МРТ може да престане пред истекот на рокот во
следниве случаи:
- настанување на причини поради кои едно лице не може да биде избрано за член на Надзорен
одбор на МРТ, предвидени во членот 127 од овој закон,
- неоправдано отсуствува од три последователни седници на Надзорниот одбор на МРТ или од
пет седници во текот на шест месеци,
- со поднесување на оставка или
- ако со правосилна судска одлука е осуден на казна затвор подолга од шест месеци или ако му е
изречена мерка на безбедност забрана за вршење на професија, дејност или должност.
(2) Претседателот на Надзорниот одбор е должен писмено да го извести Програмскиот совет на
МРТ за престанок на мандатот на член на Надзорниот одбор на МРТ во рок од 15 дена од денот
на настапувањето на случаите од ставот (1) на овој член.
(3) Програмскиот совет на МРТ ќе избере нов член на Надзорниот одбор на МРТ согласно со
членот 125 од овој закон за преостанатиот мандат на разрешениот член на Надзорниот одбор на
МРТ.
(4) Постапката за избор на нов член на Надзорниот одбор на МРТ, Програмскиот совет на МРТ ја
започнува во рок кој не може да биде подолг од 15 дена од денот на разрешување на членот на
Надзорниот одбор на МРТ.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents