Член 131 Разрешување на директорот или заменикот на директорот на МРТ (1) Директорот или заменикот на директорот на МРТ може да биде разрешен пред истекот на неговиот мандат во следниве случаи: - на негово барање, - ако не е во можност да ја извршува должноста повеќе од шест месеци во континуитет и - не ги почитува програмските обврски, начелата и стандардите утврдени во овој закон и во годишната програма за работа на МРТ и по добиено писмено предупредување од Програмскиот совет на МРТ. (2) Директорот или заменикот на директорот на МРТ против кого е започната постапка за разрешување претходно се известува за можните сомневања и му се овозможува одбрана пред Програмскиот совет на МРТ. (3) Одлуката за разрешување на директорот или заменикот на директорот на МРТ, покрај другото, треба да ги содржи причините за неговото разрешување, детално образложени и истата се објавува на веб страницата на МРТ во рок од седум дена од денот на нејзиното донесување. Член 132 Надлежности на директорот на МРТ (1) Директорот на МРТ ги има следниве надлежности: - ја претставува и застапува МРТ, одговорен е за законитото работење на МРТ и за исполнување на обврските на МРТ предвидени со овој закон, - го предлага Статутот на МРТ, - ги предлага општите акти за работењето на МРТ утврдени во Статутот на МРТ, ги предлага Општите правила за програмските и професионалните стандарди во МРТ, а по претходно добиено мислење од уредништвата на МРТ, - го предлага годишниот извештај за работа за претходната година и годишната програма за работа за наредната година на МРТ и по нивното усвојување ги доставува до Собранието на Република Македонија, - ја предлга годишната сметка на МРТ, - ја предлага програмата за развој на МРТ, - дава овластувања во рамките на своите надлежности, - ги именува и разрешува одговорните уредници на програмски сервиси, а по претходно добиено мислење од уредништвата на МРТ и добиена согласност од Програмскиот совет на МРТ, - одлучува за вработувања и распоредување на вработените во МРТ и - врши и други работи утврдени со овој закон и Статутот на МРТ. (2) Во случај на отсуство или спреченост од работа на директорот на МРТ работите од ставот (1) на овој член ги врши заменикот на директорот на МРТ. Член 133 Соработка на МРТ МРТ може да соработува со јавни радиодифузни сервиси од други држави и со меѓународни институции и тела од својот делокруг на работа.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents