Член 134 Хармонизација со Европската унија и друга меѓународна соработка МРТ во својата работа треба да ги има предвид директивите на Европската унија, актите на Советот на Европа, меѓународните конвенции кои ги ратификувала Република Македонија, како и искуството на јавните радиодифузни сервиси од други држави, а посебно од земјите членки на Европската унија. VII. СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА РАДИОДИФУЗНА ДЕЈНОСТ Член 135 Средства за финансирање на радиодифузна дејност (1) Средства за покривање на трошоците за создавање и емитување на програмите и за техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис, за одржување, употреба и развој на јавната радиодифузна мрежа и за работа на Агенцијата, се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. (2) Од Буџетот на Република Македонија ќе се одвојуваат 0,5% за остварување на целите од ставот (1) на овој член. (3) Од предвидените средства согласно со ставот (1) на овој член се финансираат следниве корисници: - ЈП Македонска радио-телевизија, - ЈП Македонска радиодифузија и - Агенцијата. Член 136 Наплата на радиодифузната такса Избришан Член 137 Регистар на обврзници за плаќање на радиодифузната такса Избришан Член 138 Пресметување, утврдување и наплата на радиодифузната такса Избришан Член 139 Висина и начин на плаќање на радиодифузната такса

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents