- изјава заверена на нотар дека не ги прекршува одредбите од Главата IV на овој закон, - изјава заверена на нотар дека ги прифаќа условите наведени во конкурсната документација, - изјава заверена на нотар дека не постои судир на интереси согласно со Законот за спречување на судир на интереси и - други податоци и документи што подносителот ги смета за корисни при одлучувањето за доделување дозвола. Член 74 Критериуми за оценување (1) Агенцијата ги оценува пријавите врз основа на следниве критериуми: - предвидена застапеност на програма произведена од страна на самиот радиодифузер (in-house production) и продукција на македонски аудио или аудиовизуелни дела, - квалитет, жанровска и тематска разновидност на содржините, со што ќе се даде придонес за поголема разновидност и плурализам на македонскиот пазар, - застапеноста на програми со кои се поттикнува развој и зачувување на националната култура, - предвидена застапеност на програми од независни продуценти и на европски аудиовизуелни дела, - техничките услови за производство на програмите, - просторните услови за вршење на дејноста, - бројот и структурата на вработените потребни за вршење на дејноста, - Финансиската способност за остварување на дејноста за времето за кое се доделува дозволата и понудените гаранции, - понуден рок на започнување со вршење на дејноста и - понудено време на дневно емитување. (2) Доколку дозволата се однесува за телевизиско или радио емитување на регионално или локално ниво, освен критериумите од ставот (1) на овој член, дополнителен критериум е понудената застапеноста на програми што ќе третираат настани, информации и други содржини од значење за подрачјето во кое ќе се емитува програмата. (3) Агенцијата во одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување од членот 71 од овој закон, го утврдува начинот на бодирање на критериумите од ставовите (1) и (2) на овој член, при што на критериумите од ставот (1) алинеи 1, 2 и 3 на овој член треба да им биде доделен најголем дел од вкупниот број на бодови. Член 75 Одлука за доделување на дозвола (1) Јавниот конкурс за доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување е успешен доколку е примена најмалку една пријава која ги исполнува условите утврдени во конкурсот. (2) Пред донесувањето на одлуката за доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување, Агенцијата може да разменува информации со кандидатите заради појаснување на одредени делови од нивните понуди на начин утврден во Деловникот за работа на Агенцијата. (3) Одлуката за доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување со детално образложение се објавува во "Службен весник на Република Македонија" и на веб страницата на Агенцијата. (4) Одлуката од ставот (3) на овој член особено треба да содржи: - образложение за причините за изборот на кандидатот, - податоци за избраниот најповолен кандидат,

Seleccionar párrafo de destino3

Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos