Државниот завод за ревизија, доколку е извршена ревизија од него, како и ставот на МРТ во
однос на резултатите од извршената ревизија.
(6) Во прилог на годишниот извештај за работа на МРТ за претходната година се доставува и
усвоената годишна програма за работа на МРТ за претходната година.
(7) Годишниот извештај за работа за претходната година и годишната програма за работа за
наредната година се објавуваат на веб страницата на МРТ.
Член 107
Програми и програмски сервиси од јавен интерес што ги обезбедува
МРТ
(1) МРТ во Република Македонија обезбедува најмалку еден телевизиски програмски сервис на
македонски јазик и еден телевизиски програмски сервис на јазикот што го зборуваат најмалку
20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик, кои ќе емитуваат програма 24 часа секој
ден во неделата, како и телевизиски програмски сервис кој ќе емитува програма на јазиците на
другите не мнозински заедници во Република Македонија.
(2) МРТ во Република Македонија обезбедува најмалку два радиопрограмски сервиса на
македонски јазик и еден радиопрограмски сервис на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од
граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници.
(3) МРТ обезбедува посебни радиопрограми наменети за соседните земји и Европа на странски
јазици.
(4) МРТ обезбедува посебни радиопрограми наменети за информирање на иселениците и
граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите
континенти на македонски и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е
различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници.
(5) МРТ обезбедува најмалку еден радио и еден телевизиски програмски сервис преку сателит
и/или интернет наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во
Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20%
од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници.
(6) МРТ го обезбедува програмскиот сервис на Собранискиот канал утврден во Законот за
Собранието на Република Македонија.
(7) Програмската одговорност за Собранискиот канал од ставот (6) на овој член ја има
Собранието на Република Македонија.
(8) МРТ обезбедува посебни радио и телевизиски програми на програмските сервиси од
ставовите (1) и (2) на овој член во кои се запазени регионалните и локалните посебности на
Република Македонија.
(9) За бројот на програмските сервиси од ставовите (1), (2) и (5) на овој член одлучува
Програмскиот совет на МРТ по предлог на директорот на МРТ.
Seleccionar párrafo de destino3
Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos