Член 115 Органи на МРТ Органи на МРТ се: - Програмски совет на МРТ, - Надзорен одбор на МРТ и - директор и заменик на директорот на МРТ. Член 116 Програмски совет на МРТ (1) Програмскиот совет на МРТ ги штити интересите на јавноста во поглед на програмските содржини кои ги емитува и се грижи за остварување на интересите, целите и надлежностите на МРТ. (2) Со цел да се обезбеди уредувачка и новинарска независност и самостојност, Програмскиот совет на МРТ не смее да ги прегледува одделните емисии или други делови на програми пред истите да бидат емитувани, односно не може да донесува одлуки и ставови за нивното емитување. (3) Програмскиот совет на МРТ е составен од 13 члена. (4) Членовите на Програмскиот совет на МРТ треба да ја претставуваат различноста на македонското општество со соодветна застапеност на двата пола. (5) Програмскиот совет на МРТ донесува Деловник за својата работа во согласност со овој закон и Статутот на МРТ. Член 117 Овластени предлагачи на членови на Програмскиот совет на МРТ (1) Членовите на Програмскиот совет на МРТ ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија на предлог на следниве овластени предлагачи: - Интеруниверзитетската конференција предлага кандидат за еден член, - Националната установа Албански театар предлага кандидат за еден член, - Националната установа Турски театар предлага кандидат за еден член, - Двете здруженија на новинари од Република Македонија со најголем број членови предлагаат по еден член, - Заедницата на единиците на локалната самоуправа предлага кандидати за три члена и - Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија предлага кандидати за пет члена. (2) Кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ треба да бидат државјани на Република Македонија со високо образование и треба да се истакнати лица кои во јавниот живот се познати по својата заложба за почитување на демократските вредности и начела, владеење на правото, градење и подигнување на највисоките вредности на уставниот поредок во Република Македонија, развојот на граѓанското општество, заштита на човековите права и слободи, како и слободата на изразување. (3) Овластените предлагачи од ставот (1) алинеи 1, 2, 3 и 4 на овој член ги у��врдуваатат предлозите од своите редови по претходно објавен интерен конкурс.

Seleccionar párrafo de destino3

Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos