9) пласирањето на производи не е во согласност со членот 55 од овој закон; 10) аудиовизуелните медиумски услуги по барање се обезбедуваат без потврда за регистрација (член 56 став (1)); 11) не ја извести Агенцијата за секоја промена на податоците во утврдениот рок (член 56 став (9)); 12) врз основа на добиени ексклузивни права емитува настани од големо значење за општеството спротивно на членот 87 од овој закон; 13) не обезбеди право на кратко известување за настани за кои постои висок интерес кај јавноста согласно со членот 89 од овој закон; 14) не ги почитува обврските од членот 92 ставови (1), (2) и (12) од овој закон; 15) користи телефонски услуги со додадена вредност, вклучувајќи го и телефонското гласање во вести, во информативна и образовна програма, во верски служби и проповеди и во програми за деца (член 93 став (1)); 16) користи телефонски услуги со додадена вредност спротивно на членот 93 став (2) од овој закон; 17) емитува игри на среќа организирани од субјекти кои немаат лиценца од надлежен орган за организирање на игри на среќа (член 94 став (1)); 18) организира и емитува игри на среќа со обложување на спортски натпревар (член 94 став (2)); 19) се поврзува во единствен систем за емитување на заедничка програма, без претходно доставено известување до Агенцијата (член 95 став (1)); 20) не ја извести Агенцијата за програмскиот концепт за заедничката програма или не именува одговорен уредник на програмата (член 95 став (2)); 21) идентификацијата не ја обезбедува согласно со членот 97 од овој закон; 22) емитува рекламирање и телешопинг на начин спротивно на членот 99 од овој закон; 23) не ги објави годишниот извештај за работа за претходната година и годишната програма за работа за наредната година на својата веб страница (член 106 став (7)); 24) не ја објави на својата веб страница предлог-програмата за работа за наредната година пред да ја достави во Собранието на Република Македонија (член 113 став (1)); 25) реемитува програмски сервиси спротивно на членот 141 од овој закон; 26) најдоцна до 15 март во тековната година до Агенцијата не достави извештај за износот на вкупниот приход (член 142 став (3)); 27) не ги почитува обврските од членот 143 од овој закон и 28) не ги почитува обврските од членот 144 од овој закон. (2) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице на програмата во правното лице и на трговец поединец за сторениот прекршок од ставот (1) на овој член. Член 149 (1) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако: 1) на барање на Агенцијата не и достави снимка од програмите најдоцна во рок од три дена (член 47 став (3)); 2) пренесува кинематографски дела надвор од периодот утврден во договорите со имателите на правата (член 49); 3) знаците за идентификација не ги истакнува континуирано на сите програми, односно не ги емитува најмалку еднаш во текот на еден реален час на радиопрограмата (член 51 став (2)); 4) употребува знаци за идентификација спротивно на членот 51 став (3)) од овој закон; 5) за секоја промена на знаците за идентификација не достави примерок до Агенцијата (член 51 став (4)); 6) на барање на Агенцијата не достави документи во врска со промовирањето на производство и пристап до европски дела (член 60 став (2)); 7) не го почитува времетраењето на дневно емитување утврдено во членот 90 од овој закон; 8) не достави една дигитална копија од одобрен проект во максималната резолуција во која истиот е снимен до Кинотеката на Република Македонија (член 92-и); 9) рекламирањето и телешопингот не се јасно препознатливи и одвоени од другите делови на

Seleccionar párrafo de destino3

Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos