Член 37 Ограничувања за стекнување сопственост (1) Физичко или правно лице кое е мнозински содружник или мнозински акционер во радиодифузер кој има дозвола за обезбедување на телевизиско емитување на државно ниво, како и поврзано лице со содружник или акционер во радиодифузер кој има дозвола за обезбедување на телевизиско емитување на државно ниво може да биде содружник или акционер, односно да учествува во сопственоста на само уште еден радиодифузер кој има дозвола за обезбедување на телевизиско емитување на државно ниво, но не повеќе од 50% од основната главнина на тој радиодифузер или 50% од правото на одлучување. (2) Физичко или правно лице кое е мнозински содружник или мнозински акционер во радиодифузер кој има дозвола за обезбедување на телевизиско емитување на државно ниво, како и поврзано лице со содружник или акционер во радиодифузер кој има дозвола за обезбедување на телевизиско емитување на државно ниво може да биде мнозински содружник или мнозински акционер во најмногу уште еден радиодифузер кој има дозвола за вршење на радиодифузна дејност за телевизиско емитување на регионално ниво при што подрачјата на регионално ниво не се соседски и најмногу уште во два радиодифузера кои имаат дозвола за обезбедување на телевизиско емитување на локално ниво, при што подрачјата на локално ниво не се соседски. (3) Физичко или правно лице кое е мнозински содружник или мнозински акционер во радиодифузер кој има дозвола за обезбедување на телевизиско емитување на регионално ниво, како и поврзано лице со содружник или акционер во радиодифузер кој има дозвола за обезбедување на телевизиско емитување на регионално ниво може да биде мнозински содружник или мнозински акционер во најмногу уште еден радиодифузер кој има дозвола за вршење на радиодифузна дејност за телевизиско емитување на регионално ниво при што подрачјата на регионално ниво не се соседски и во уште најмногу два радиодифузера кои имаат дозволи за обезбедување на телевизиско емитување на локално ниво, при што подрачјата на локално ниво не се соседски. (4) Физичко или правно лице кое е мнозински содружник или мнозински акционер во радиодифузер кој има дозвола за обезбедување на телевизиско емитување на локално ниво, како и поврзано лице со содружник или акционер во радиодифузер кој има дозвола за обезбедување на телевизиско емитување на локално ниво може да биде мнозински содружник или мнозински акционер во најмногу уште два радиодифузера кои имаат дозволи за обезбедување на телевизиско емитување на локално ниво, при што подрачјата на локално ниво не се соседски. (5) Физичко или правно лице кое е мнозински содружник или мнозински акционер во радиодифузер, како и поврзано лице со содружник или акционер во радиодифузер не може да основа, ниту да биде содружник или акционер, односно да учествува во сопственоста на издавач на печатен медиум кој издава дневен весник, новинска агенција, друштво за реклама и пропаганда, друштво за истражување на пазарот и јавното мислење, друштво за дистрибуција на аудиовизулни дела, друштво за филмска продукција или оператор на електронски комуникациски мрежи кој обезбедува реемитување или емитување на радио/телевизиски програми. (6) Одредбите од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член соодветно се применуваат и на физичко или правно лице кое е мнозински содружник или мнозински акционер во радиодифузер кој има дозвола за обезбедување на радио емитување.

Seleccionar párrafo de destino3

Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos