членовите 34, 35 став (2) или 38 од овој закон и ќе му се наложи на радиодифузерот во рок кој не може да биде пократок од 30 дена и не подолг од 90 дена да ја усогласи својата сопственичка структура со одредбите од овој закон. (4) Доколку радиодифузерот не постапи во согласност со одлуката од ставот (3) на овој член Агенцијата ќе ја одземе дозволата за телевизиско или радио емитување на начин и по постапка утврдени со овој закон. V. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА РАДИО ИЛИ ТЕЛЕВИЗИСКО ЕМИТУВАЊЕ И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ПО БАРАЊЕ V.1. Општи одредби Член 44 Слобода на прием и реемитување Се гарантира слободата на прием и реемитување на аудио или аудиовизуелни��е медиумски услуги од државите членки на Европската унија и другите европски држави потписнички на Европската конвенција за прекугранична телевизија на Советот на Европа на територијата на Република Македонија. Член 45 Ограничување на прием и реемитување на аудио/аудиовизуелни медиумски услуги од други држави (1) Со исклучок на одредбата од членот 44 од овој закон Агенцијата може да преземе соодветни мерки со кои времено ќе ја ограничи слободата на прием, односно на реемитување на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги од други држави на територијата на Република Македонија, доколку се исполнети условите утврдени во ставовите (2), (3) и (4) на овој член. (2) Мерките од ставот (1) на овој член во однос на програмските сервиси на радиодифузери ќе се преземат доколку: - програмските сервиси на радиодифузери од други држави очигледно, сериозно и тешко ги прекршуваат одредбите од членовите 48 и 50 од овој закон и поттикнуваат расна, полова, верска или национална омраза и нетрпеливост, - во текот на претходните 12 месеци радиодифузерот ги прекршил одредбите од ставот (2) алинеја 1 на овој член најмалку два пати, - Советот писмено го известил радиодифузерот и Европската комисија за прекршувањето и за мерките кои планира да ги преземе доколку такво прекршување се случи повторно и - консултациите со државата од која радиодифузерот емитува и Европската комисија не резултирало со спогодбено разрешување во рок од 15 дена од денот на писменото известување, а прекршувањето продолжува. (3) Мерките од ставот (1) на овој член ќе се преземат во однос на аудиовизуелните медиумски услуги по барање доколку се исполнети следниве услови: - мерката особено е неопходна за заштита, истражување, откривање и гонење на кривични дела, вклучувајќи ја и заштитата на малолетниците и борбата против поттикнување на омраза врз основа на раса, пол, религија или националност, како и за повреда на човечкото достоинство на поединците, заштита на јавното здравје, јавната безбедност, вклучувајќи ја и заштитата на националната безбедност и одбрана, како и заштита на потрошувачите, вклучувајќи ги и инвеститорите, - мерката се презема против медиумските услуги по барање кои ги доведуваат во прашање

Seleccionar párrafo de destino3

Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos