(7) Доколку страните од ставовите (5) и (6) на овој член не постигнат договор во утврдениот рок,
Агенцијата за електронски комуникации по барање на една од страните поведува постапка за
решавање на спор согласно со одредбите од Законот за електронските комуникации.
Член 78
Содржина на дозвола за телевизиско или радио емитување
(1) Дозволата за телевизиско или радио емитување од членот 77 став (2) од овој закон содржи:
- податоци за носителот на дозволата,
- начин на емитување на програмскиот сервис (радиофреквенции, дигитален терестријален
мултиплекс, сателит или јавна електронска комуникациска мрежа),
- нивото на гледаност/слушаност (државно, регионално или локално),
- подрачје(а) на кое ќе се врши дејноста,
- детални податоци за сопственичката структурата во согласност со овој закон,
- знак за идентификација,
- програмски концепт,
- датум на започнување со вршење на дејноста утврден во пријавата на кандидатот односно во
барањето за добивање на дозвола,
- период на важност на дозволата и
- начинот на пресметка и начинот на плаќање на надоместоците.
(2) Во дозволата за телевизиско или радио емитување од членот 77 став (2) од овој закон треба
да се наведе дека имателот на дозволата е должен да работи во согласност со овој закон,
прописите донесени врз основа на него, како и во согласност со условите утврдени во дозволата.
Член 79
Времетраење на дозвола за телевизиско или радио емитување
(1) Дозволата за телевизиско или радио емитување на трговските радиодифузни друштва и на
непрофитните радиодифузни установи се доделува за временски период од девет години со
можност за продолжување на истата.
(2) Дозволата за телевизиско или радио емитување може да се продолжи на барање на
носителот за време од девет години. Барањето се доставува до Агенцијата во рок не подолг од
шест месеци пред истекот на важноста на дозволата и истата се продолжува со одлука на
Советот во рок не подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.
(3) При разгледување на барањето од ставот (2) на овој член, Агенцијата треба да го има
предвид придонесот на радиодифузерот за поголема разновидност и плурализам на
македонскиот пазар.
(4) Дозволата за вршење на радиодифузна дејност не може да се пренесува на друго лице.
(5) Против одлуката на Советот со која се одбива барањ��то за продолжување на дозволата,
имателот има право да поднесе тужба до надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот
на истата. Постапката пред надлежниот суд е итна.
Seleccionar párrafo de destino3
Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos