треба да направат заинтересираните радиодифузери за да се почитува листата на настани од големо значење утврдена во другите држави. (2) Агенцијата е должна за одлуката од ставот (1) на овој член да ја извести Европската комисија и Комитетот за прекугранична телевизија на Советот на Европа. (3) Одлуката од ставот (1) на овој член Советот е должен да ја донесе навремено и на јасен и транспарентен начин согласно со членот 10 од овој закон. Член 89 Право на кратко известување (1) Секој радиодифузер, под фер, разумни и недискриминирачки услови, има право на кратко известување за настани за кои постои висок интерес кај јавноста за кои ексклузивни права има радиодифузер од Република Македонија. (2) Доколку радиодифузер од Република Македонија нема ексклузивни права за емитување на настан за кој постои висок интерес кај јавноста, пристапот до информации за настанот се обезбедува од друг радиодифузер од Република Македонија кој ги има ексклузивните права. Условите треба да се соопштат навремено пред случувањето на настанот за кои постои висок интерес кај јавноста за да им се даде доволно време на другите радиодифузери за користење на таквото право. (3) Агенцијата го гарантира пристапот до настаните од ставовите (1) и (2) на овој член на тој начин што на радиодифузерот му овозможува слободен избор на кратки исечоци од преносниот сигнал на другиот радиодифузер со најмалку означување на нивниот извор. Начинот за пристап до преносниот сигнал го пропишува Агенцијата, врз основа на претходно добиено мислење од Агенцијата за електронски комуникации. (4) Радиодифузерот може, наместо пристап до преносниот сигнал од ставот (3) на овој член, да оствари пристап до настаните од ставовите (1) и (2) на овој член и со присуство на местото на таквите настани заради снимање на краток исечок или со користење на снимен материјал од радиодифузерот кој има ексклузивни права за пренос на настанот за кој постои висок интерес кај јавноста. (5) Кратко известување, во смисла на овој член, се смета известување во траење од најмногу една и пол минута. Кратките известувања се користат единствено во вести и спортски магазини кои не можат да се состојат само од кратки известувања на радиодифузерот, а во аудиовизуелните медиумски услуги по барање може да се користат само доколку радиодифузерот е и давател на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и доколку истите ги нуди со одложен временски период. (6) Радиодифузерот кој емитува настан за кој постои висок интерес кај јавноста може од радиодифузерот кој бара пристап да му побара само плаќање на стварните трошоци кои ги имал заради обезбедување на обврската за пристап. Предвидениот надоместок не смее да ги надмине дополнителните трошоци директно настанати со овозможување на пристапот. (7) Правото на кратко известување мора да се оствари на начин што нема да влијае на текот на настаните. (8) Кога настанот за кој постои висок интерес кај јавноста се состои од повеќе организациски самостојни настани, секој самостоен настан во поглед на остварување на правата за краткото известување ќе се смета за настан за кој постои висок интерес кај јавноста.

Seleccionar párrafo de destino3

Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos