Член 110 Обврски на МРТ во однос на програмите и програмските сервиси кои ги емитува МРТ е должна при производството и обезбедувањето на радио и телевизиските програми и програмските сервиси од членот 107 од овој закон да: - создава и емитува програми достапни за целокупната јавност во државата со цел за активно да придонесува за создавање и развој на слободното мислење и информирање на јавноста и да биде двигател на демократските процеси во државата, - развива и планира програмска шема во интерес на целокупната јавност, а програмите да бидат наменети за сите сегменти на општеството без дискриминација, притоа водејќи сметка за специфичните општествени групи, - обезбеди постојано, вистинито, целосно, непристрасно, праведно и навремено информирање создавајќи и емитувајќи високо квалитетни програми за сите важни политички, економски, социјални, здравствени, културни, образовни, научни, религиски, еколошки, спортски и други настани и случувања во Република Македонија, земјите од Европа и од светот, - ја промовира и унапредува културата на јавен дијалог и да овозможи арена за широка јавна дебата по прашања од јавен интерес, - не застапува и да не заштитува ставови или интереси на одредена политичка партија, политички, религиски или други групи, а програмите кои ги создава и емитува да бидат заштитени од влијание на власта, политички организации или други центри на економска и политичка моќ, - придонесува за почитување и промоција на основните човекови права и слободи, приватноста, достоинството, угледот и честа на индивидуата, толеранцијата, разбирањето и почитувањето на различностите, чувството за мир, правда, демократските вредности и институциите, заштита на малолетници, еднаквоста меѓу половите, сузбивање на дискриминацијата и придобивките од граѓанското општество, - создава програми кои придонесуваат за негување и унапредување на знаењето и разбирањето за културниот идентитет на заедниците, да ги почитува културните и религиозни разлики и да ја поттикнува културата на јавен дијалог со цел да се зацврстува заемното разбирање и толеранција за унапредување на односите меѓу различните заедници во мултиетничка и мултикултурна средина, - ја информира јавноста за регионалните и локалните посебности и настани во Република Македонија и да обезбеди отворена и слободна расправа по сите прашања од јавен интерес, - информира, едуцира и емитува емисии за зачувување на културното и природното наследство, за заштита на околината и здравјето на луѓето, како и заштита на потрошувачите, - информира и едуцира за другите култури, особено за Европските, - информира и да емитува за настани за поврзани со функционирањето на меѓународните организации и нивните институции, особено оние чија членка е Република Македонија или планира да биде, - ги негува и развива говорните и јазичните стандарди на сите заедници во Република Македонија, како и на дијалектите кои се говорат во неа, - ги негува, поттикнува и развива сите облици на домашно аудио и аудиовизуелно творештво кои придонесуваат за развој на македонската култура и културата на заедниците кои живеат во Република Македонија и да придонесува за нивна меѓународна афирмација, - обезбеди продукција и емитување на македонски аудио и аудиовизелни дела на независни продуценти, - создава и емитува високо квалитетна програми со забавна содржина наменети за секоја возраст, - промовира наука и да создава и емитува високо квалитетни образовни емисии во рамките на кои ќе биде дисеминирана цела палета на содржини од религиозни и социјални до научни и технолошки/информатички тематики, - поддржува создавање и развој на прекугранични радио и телевизиски проекти согласно со меѓународните договори и соработката со радио и телевизиски радиодифузни компании од соседните и други држави, - емитува театарски содржини, - промовира спорт и рекреативни активности и да пренесува спортски настани од земјата и

Seleccionar párrafo de destino3

Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos