програмата (член 98 став (1));
10) времетраењето на рекламирањето и на телешопинг спотовите изнесува повеќе од 12 минути
на еден реален час (член 100 став (1));
11) во рекламите и телешопингот, визуелно или тонски, прикажува лица кои редовно
презентираат вести и актуелни информативни емиси (член 101);
12) времетраењето на рекламирањето кај јавниот радиодифузен сервис е спротивно на членот
103 од овој закон;
13) не склучи посебен договор за набавка на аудио или аудиовизуелни дела согласно со членот
105 став (3) од овој закон;
14) начинот и постапката на спроведување на јавните конкурси, начинот и постапката за
набавката на аудио или аудиовизуелните дела, односно на програмските содржини и
склучувањето на договорите се врши спротивно на актот од членот 105 став (4) од овој закон;
15) не го објави статутот на МРТ на веб страницата на МРТ (член 114 став (3)) и
16) не ги објави дневниот ред, записниците од седниците на Програмскиот совет на МРТ,
донесените одлуки, како и изјаснувањето на членовите на Програмскиот совет на МРТ при
постапката на гласање за одредено прашање и одлука на веб страницата на МРТ во рок од седум
дена од денот на одржаната седница (член 122 став (3)).
(2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното
лице на програмата во правното лице и на трговец поединец за сторен прекршок од ставот (1) на
овој член.
Член 150
Прекршочни санкции
(1) На правното лице за сторениот прекршок од членовите 145, 146, 147, 148 и 149 од овој закон
покрај глобата може да му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на определена
дејност во траење од шест месеци до три години.
(2) На одговорното лице на програмата во правното лице за сторениот прекршок од членовите
145, 146, 147, 148 и 149 од овој закон покрај глобата може да му се изрече и прекршочна
санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до
една година.
(3) На трговец поединец за сторениот прекршок од членовите 145, 146, 147, 148 и 149 од овој
закон покрај глобата може му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на
професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година.
X. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 151
Одредбите од членот 46 ставови (3) и (4) од овој закон ќе се применуваат по приемот на
Република Македонија во Европската унија.
Член 152
(1) Собранието на Република Македонија ќе упати јавен повик за доставување на предлог на
кандидати за членови на Советот на Агенцијата, согласно со членот 14 од овој закон, во рок од
30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Seleccionar párrafo de destino3
Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos