Член 9
Транспарентност во работењето на Агенцијата
(1) Агенцијата е должна да спроведува јавни истражувања и анализи во поглед на развојот и
состојбите на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
(2) Агенцијата е должна најмалку еднаш на три месеци во текот на годината да организира јавни
состаноци со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни, да ги изразат нивните ставови
и мислења по однос на развојот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Република
Македонија, а особено за:
- состојбите на пазарот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Република Македонија и
- реализација на активностите и исполнување на целите од годишната програма за работа на
Агенцијата.
(3) Добиените ставови и мислења од ставот (2) на овој член, како и ставот на Агенцијата по
однос на истите во рок од седум дена од денот на одржувањето на јавниот состанок се
објавуваат на веб страницата на Агенцијата.
(4) Агенцијата со подзаконски акт поблиску ги уредува:
- постапката и начинот на примање на предлози од заинтересираните страни,
- начинот и местото на објавување на конкурсите, пријавени кандидати и други информации
поврзани со постапка за доделба на дозволи и
- податоците и информациите што Агенцијата ќе ги објавува како и начинот на пристап до
истите, согласно со закон.
Член 10
Влијание на јавноста
(1) Агенцијата пред да донесе или измени подзаконски акт од своја надлежност, како и пред да
ја донесе годишната програма за работа за наредната година, на својата веб страница јавно ќе
го објави предложениот подзаконски акт, односно предложената годишна програма за работа за
наредната година со цел да обезбеди јавна расправа, односно да им овозможи на сите
заинтересирани страни да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови во однос на
предложениот подзаконски акт или предложената годишна програма за работа за наредната
година.
(2) Рокот на траењето на јавната расправа од ставот (1) на овој член не смее да да биде
пократок од 30 дена од денот на објавувањето на актите од ставот (1) на овој член.
(3) По истекот на рокот од ставот (2) на овој член, а пред донесувањето на подзаконскиот акт,
Агенцијата има обврска јавно да ги објави на својата веб страница добиените мислења и
коментари, како и ставот на Агенцијата по однос на истите.
Член 11
Органи на Агенцијата
Органи на Агенцијата се Совет и директор.
Seleccionar párrafo de destino3
Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos