ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН
КАРАКТЕР
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на законот
Член 1
(1) Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на правото на слободен пристап до
информациите од јавен карактер со кои располагаат органите на државната власт и други органи и организации
утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните
служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон и дејности
од јавен интерес и политичките партии во делот на приходите и расходите (во натамошниот текст: иматели на
информации).
(2) Правото за слободен пристап до информации од јавен карактер се остварува согласно со овој, Законот за
општата управна постапка и друг закон.
Цел на законот
Член 2
(1) Со овој закон се обезбедува јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и им се
овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен
карактер.
(2) Имателите на информации за својата работа се должни да овозможат информираност на јавноста.
Член 3
Определени изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:
- „иматели на информации" се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон,
органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните
претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон и дејности од јавен интерес
и политичките партии во делот на приходите и расходите,
- „информација од јавен карактер“ е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот
на информацијата согласно со неговите надлежности (во натамошниот текст: информацијата),
- „барател на информација" е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и
под услови утврдени со овој и друг закон (во натамошниот текст: барателот),
- „документ" е секој запис на информација без оглед на нејзината физичка форма или карактеристики, пишан или
печатен текст, карти, шеми, фотографии, слики, цртежи, скици, работни материјали, како и звучни, гласовни,
магнетски или електронски, оптички или видео снимки во кој�� било форма, како и пренослива опрема за автоматска
обработка на податоци со вградени или преносливи мемории за складирање на податоците во дигитална форма,