2 Во програмите на радиодифузерите исправката се објавува со читање во истата програма и термин во која е објавена информацијата на која се однесува исправката или во истиот вид на програма со исто ниво на гледаност или слушаност. Начин и услови за објавувања на исправка Член 19 1 Исправката мора да биде објавена во рок од два дена од доставувањето на барањето во првиот нареден број, ако се работи за периодични изданија или во друг медиум, ако се работи за не периодична публикација. Во време на изборен процес исправката мора да биде објавена во првото следно издание, односно првата следна програма од ист вид веднаш по примањето на исправката. 2 Во истото издание, односно програма од ист вид, не може заедно со исправката да се објавува и коментар на таа исправка или одговор на исправката. За коментар на исправка или одговор на исправка се применуваат одредбите од овој закон кои се однесуваат на постапката за остварување на правото на исправка. 3 Одговорниот уредник е должен да ја објави исправката, освен кога: - исправката не се однесува на информацијата на која се повикува заинтересираното лице, - исправката не содржи податоци во врска со наводите во информацијата, - исправката е во спротивност на со закон заштитените интереси на трети лица, - барањето за објава на исправката не е потпишано од подносителот на барањето или од овластеното лице на државно тело или правно лице, - исправката е несразмерно поголема од информацијата на која таа се однесува, односно на делот од информацијата на која истата се однесува, освен ако исправката се однесува на клевета или на информација со навредлива содржина, - исправката е напишана на јазик кој не е идентичен на јазикот на којшто е објавена оспорената информација, - во случај кога се работи за научна или уметничка критика, освен доколку со неа се врши исправка на неточни податоци, навредливи и тенденциозни наводи, - веќе е побарана исправка на истата содржина на информацијата или доколку тече спор пред надлежниот суд поради не објавување на исправката, - издавачот на медиум веќе сам објавил исправка на објавената информација, - барањето е поднесено по истекот на рокот утврден во членот 17 став 2 од овој закон и - исправката содржи навреда или клевета. 4 Одговорниот уредник е должен во случаите од ставот 3 на овој член писмено да го извести барателот на исправката за причината за не објавување на исправката, во рокот кој е пропишан за објавување на исправката согласно со ставот 1 на овој член. Право на копија од објава Член 20 1 Издавачот на медиум е должен на заинтересирано лице, на негов трошок, да му обезбеди копија од објавената информација и тоа најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на писменото барање на заинтересираното лице. 2 Копијата од ставот 1 на овој член се доставува до заинтересираното лице само за лична употреба. Центар за развој на медиуми Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје Тел/факс: +389 2 3136 340 www.mdc.org.mk

Seleccionar párrafo de destino3

Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos