22 ноември 2022 Член 3 Заемот од членот 1 од овој закон се доделува во две транши. Првата транша е во износ од 47.500.000 евра, а втората транша е во износ од 7.500.000 евра. Рокот за отплата на првата транша од заемот е 15 години, со вклучен грејс-период од четири години. Првата транша од заемот ќе се отплаќа на 22 полугодишни рати, на 20 април и на 20 октомври секоја година, започнувајќи од првиот датум од навршување на четвртата година од склучување на Договорот за заем. Рокот за отплата на втората транша од заемот е 15 години, со вклучен грејс-период од четири години. Втората транша од заемот ќе се отплаќа на 22 полугодишни рати, на 20 април и на 20 октомври секоја година, започнувајќи од првиот датум од навршување на четвртата година од денот на достапноста за користење на втората транша. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%. Република Северна Македонија ќе ѝ плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1% од износот на првата транша во рок од седум дена од денот на ефективност на траншата. Република Северна Македонија ќе ѝ плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1% од износот на втората транша во рок од седум дена од денот на достапноста за користење на втората транша. Република Северна Македонија ќе ѝ плаќа на Европската банка за обнова и развој провизија за неповлечени средства во висина од 0,5% од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени средства за првата транша ќе започне да се пресметува по 60 дена од денот на потпишувањето на Договорот за заем од членот 2 од овој закон. Провизијата за неповлечени средства за втората транша ќе започне да се пресметува по 60 дена од денот на достапноста за користењето на втората транша. Член 4 Проектот од членот 1 од овој закон ќе го имплементира Министерството за животна средина и просторно планирање. Член 5 За реализација на проектот од членот 1 од овој закон, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе склучи Проектен договор со Европската банка за обнова и развој. Член 6 Република Северна Македонија заемот од членот 1 од овој закон ќе го отплаќа од Буџетот на Република Северна Македонија. Член 7 Прометот на добра и услуги извршен кон Министерството за животна средина и просторно планирање, наменети за реализација на Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој закон е ослободен од данок на додадена вредност со право на одбивка на претходниот данок. Увозот на добра/стоки извршен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, наменети за Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој закон е ослободен од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили. Бр. 251 - Стр. 11 За прометот кој е извршен кон Министерството за животна средина и просторно планирање, наменет за реализација на Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој закон, за кој истиот е даночен должник согласно со членот 32 точка 4 и членот 32-а од Законот за данокот на додадена вредност е ослободен од обврската да пресмета и да плати данок на додадена вредност. Прометот на добра и услуги извршен кон избраниот изведувач од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, кој ќе ги врши договорните работи наменети за реализација на Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој закон е ослободен од данок на додадена вредност со право на одбивка на претходниот данок. Увозот на добра/стоки извршен од избраниот изведувач од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, наменети за Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој закон е ослободен од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили. За прометот кој е извршен кон избраниот изведувач од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, кој ќе ги врши договорните работи наменети за реализација на Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој закон, за кој истиот е даночен должник согласно со членот 32 точка 4 и членот 32-а од Законот за данокот на додадена вредност е ослободен од обврската да пресмета и да плати данок на додадена вредност. Даночниот обврзник кој врши промет за кој e ослободен од данок на додадена вредност согласно со ставовите 1, 3, 4 и 6 на овој член, задолжително, освен име (назив) на примателот на доброто или корисникот на услугата, во фактурата го наведува и називот на проектот и називот на Договорот за заем од членот 2 од овој закон. Избраниот изведувач при увоз на добрата/стоките ослободени согласно со ставот 5 на овој член, на надлежниот царински орган задолжително му доставува копија од Договорот за заем од членот 2 од овој закон, потврда од Министерството за животна средина и просторно планирање дека избраниот изведувач е избран да врши договорни работи на Регионалниот проект за цврст отпад и изјава дека увезените добра/стоки се наменети за реализација на Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој закон. Прометот на добра и услуги од ставовите 4 и 6 на овој член, како и увозот на добра/стоки од ставот 5 на овој член, не може да го надмине износот од договорот меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и избраниот изведувач за вршење на договорните работи наменети за реализација на Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој закон. Член 8 За остварување на ослободувањето од членот 7 ставови 2 и 5 од овој закон, Министерството за животна средина и просторно планирање, односно избраниот изведувач, поднесува барање до Министерството за финансии - Царинска управа. Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член и потребната документација, која треба да се достави кон барањето, ги пропишува министерот за финансии.

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières