Стр. 38 - Бр. 251 - им ги обезбеди на операторот на електропреносниот систем, операторот на пазарот на електрична енергија, операторот на електродистрибутивниот систем, сите потребни податоци и информации кои се неопходни за извршувањето на нивните обврски од лиценците, во согласност со Мрежните правила за пренос на електрична енергија, Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Правилата за пазар на електрична енергија, - доставува извештаи за опремата, постројките, плановите за одржување и планираната расположливост до операторот на електродистрибутивниот систем, во согласност со Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, - доставува податоци и информации согласно Правилникот за начинот и постапката за следење на функционирањето на пазарите на енергија, - доставува известувања за сите околности, настани и промени кои што имаат или би можеле да имаат влијание врз вршењето на енергетската дејност, - да води одвоено сметководство за секоја поединечна енергетска дејност што ја врши или други дејности кои ги извршува, - ги почитува и да постапува согласно Правилата за пазар на електрична енергија, Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем, Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, како и согласно правилниците и другите прописи кои ги донесува или одобрува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија врз основа на Законот за енергетика*, - овозможи непосреден увид по барање на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, во целокупната документација која што се однесува на вршењето на енергетската дејност за која што е издадена лиценцата, во согласност со Правилникот за лиценци, - работи во согласност со законите, другите прописи и општи акти на Република Северна Македонија, а особено оние кои се однесуваат на вршење на дејноста производство на електрична енергија, заштита на конкуренцијата, заштита на потрошувачите, заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето и заштита при работа. 10. Обврска за доставување на Годишен извештај за работењето Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија најдоцна до 31 март во тековната година да достави Годишен извештај за работењето, вклучувајќи го и извештајот за финансиското и деловното работење во претходната година. Годишниот извештај со сите прилози задолжително се доставува и во електронска форма. Годишниот извештај треба да содржи податоци за: 1) опис и обем на вршењето на енергетската дејност во те��от на годината, 2) годишна завршна сметка со сите прилози, 3) преземени мерки во текот на извештајната година за: - заштита на објектите и опремата од надворешни влијанија и хаварии и осигурување на објектите и опремата за вршење на енергетска дејност, - безбедност и здравје при работа, - кадровска екипираност, обука и стручно усовршување на вработените, - заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето, 22 ноември 2022 - извршување на мониторинг на работењето, - вршење на дејноста во услови на кризна состојба, промена на условите на светскиот пазар, како и воена и вонредна состојба, 4) извршување на годишната програма за ремонти, 5) реализирање на планот за работа кој што се однесува на соодветната година, 6) извршени инспекциски надзори и контроли од страна на надлежни инспекциски и други државни органи, со приложени фотокопии на записниците, извештаите и решенијата од извршените надзори и контроли. 11. Доверливост на информациите Носителот на лиценцата е должен во согласност со закон, да обезбеди и да гарантира доверливост на деловните податоци и информации при вршењето на енергетската дејност производство на електрична енергија. 12. Квалитет на услугата Носителот на лиценцата е должен да обезбеди технички средства и други услови кои ќе овозможат постојан квалитет на произведената електрична енергија, согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија. Носителот на лиценцата е должен да врши постојан мониторинг на параметрите кои го определуваат квалитетот на произведената електрична енергија и по барање на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, да доставува писмен извештај за движењето на сите параметри кои што го определуваат квалитетот на произведената електрична енергија во определен временски период. 13. Мерење на произведената електрична енергија и моќност Мерењето на произведената, односно испорачаната електрична енергија во електродистрибутивниот систем се врши во пресметковното мерно место на начин и постапка утврдени согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија. 14. Менување, продолжување, пренос, престанување, суспендирање и одземање на лиценцата Менување, продолжување, пренос, престанување, суспендирање и одземање на оваа лиценца ќе се врши во согласност со одредбите од Законот за енергетика* и Правилникот за лиценци. 15. Мерки во случај на неисполнување на обврските на носителот на лиценцата Ако носителот на лиценцата не ги исполнува обврските содржани во оваа лиценца, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ќе преземе мерки согласно Законот за енергетика* и Правилникот за лиценци. 16. Производни капацитети со кои се врши енергетската дејност Носителот на лиценцата ја врши енергетската дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала со следните технички карактеристики: а) назив на фотонапонска електроцентрала: ФЕЦ “ЦРН КАМЕН СОЛАР” б) моќност на фотонапонска електроцентрала по фотонапонски панели: 1.084,98 kW в) моќност на фотонапонска електроцентрала по инвертори: 1000 kW

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières