22 ноември 2022 Член 3 Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а истата ќе се објави во „Службен гласник на Општина Крива Паланка“ и во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Совет на Општина Бр. 09-4346/23 Крива Паланка Претседател, 14 ноември 2022 година Крива Па��анка Изабела Павловска, с.р. __________ 3689. Врз основа на член 29 од Законот за меѓуопштинска соработка („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/09) и член 50 став (1) точка (16) од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), е склучен ДОГОВОР ЗА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА На ден 14.11.2022 година, помеѓу: 1. ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА, застапувана од Градоначалникот Сашко Митовски и 2. ОПШТИНА РАНКОВЦЕ, застапувана од Градоначалникот Борче Спасовски. Член 1 Предмет на овој договор е заедничко вршење работи од надлежност на општините кои што се однесуваат на противпожарната заштита што ја вршат територијалните противпожарни единица на Општина Крива Паланка и Општина Ранковце во насока на превенција и намалување на ризикот од катастрофи. Член 2 Работите коишто ги вршат територијалните противпожарни единици на Општина Крива Паланка и Општина Ранковце се од областа на противпожарната заштита согласно член 22 став (1) точка (11) од Законот за локалната самоуправа и се во насока на превенција и намалување на ризикот од катастрофи и се состојат од: - работи поврзани со прашања за следење, рана детекција, рана превенција и интервенција на територијалните противпожарни единици во случај на елементарна непогода за заштите на локалното население и локалните ресурси на двете општини; - заедничко користење на техничката опрема - дрон за снимање на терен, преку која ќе се пријавуваат и прибираат податоци кои се однесуваат на процесот на рана детекција и превенција од елементарни непогоди обезбедена од проектот „Безбедни граѓани и заштитени ресурси, предуслов за одржлив развој“ финансиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и моторна пила за сечење на метал, дувалки за воздух и напркњачи за гасење на пожар, огноотпорни чизми, убодна пила за метал, пумпа за испумпување на вода и ПП црева) поделени во еднаков однос за двете општини за потребите на ТППЕ и во двете општини. Бр. 251 - Стр. 51 Член 3 Општините ги имаат следните обврски: - технички да ги опремат двете ТППЕ како носечки субјекти во процесот на заштита на населението и локалните ресурси од елементарни непогоди; - да креираат мобилна апликација преку која ќе се пријавуваат и прибираат/обработуваат податоците а се однесуваат на процесот на рана детекција и превенција од елементарни непогоди, а трошоците за хостинг и одржување ќе биде на товар на имплементаторите на проектот; - креирање на Стратегија за кризен менаџмент во микрорегионот Крива Паланка-Ранковце за 2022-26 година; - Подигање на јавната свест во однос на значењето за рана детекција и превенција од елементарни непогоди и зачувување на локалните ресурси за одржлив развој, со заеднички активности и подеднакво кофинансирање од двете општини. Член 4 Целта на соработката е намалување на ризикот од катастрофи предизвикани од пожари во реонот на двете општини и зголемување на ефикасноста на ТППЕ на Општина Крива Паланка и ТППЕ на Општина Ранковце при заштита на имот и лица од пожари и други елементарни непогоди преку заедничка интервенција на припадниците на двете ТППЕ согласно меѓуопштинскиот стратешки план за намалување на ризици од катастрофи на општините Крива Паланка и Ранковце кој ќе биде изработен во рамки на проектот „Безбедни граѓани и заштитени ресурси, предуслов за одржлив развој“ финансиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Член 5 За извршените работи од страна на територијалните противпожарни единици општините нема да пресметуваат надоместок бидејќи работите се вршат заеднички од територијалните противпожарни единица на Општина Крива Паланка и Општина Ранковце за целото времетраење на овој Договор. Член 6 Овој договор може да се раскине по слободна волја на една од договорните страни, по претходно известување на другата договорна страна во рок од 30 дена. Член 7 Договорните страни се согласни евнтуалните спорни односи да ги разрешуваат на спогодбен начин, а во краен случај пред надлежен суд во Основен суд Куманово. Член 8 Овој договор е склучен во (4) четири примероци од кои по (2) два примероци за секоја од договорните страни. Бр. 08-4447/1 14 ноември 2022 година Крива Паланка Бр. 08-1254/1 15 ноември 2022 година Ранковце Општина Крива Паланка Градоначалник, Сашко Митовски, с.р. Општина Ранковце Градоначалник, Борче Спасовски, с.р.

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières