Стр. 18 - Бр. 251
Член 3
Во член 157 во ставот (1) воведната реченица се менува и гласи:
„Глоба во износ од 600 до 1.000 евра во денарска
противвредност за микро трговец, од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за мал трговец, од 3.000
до 4.000 евра во денарска противвредност за среден трговец и од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за голем трговец, ќе му се изрече на правно лице
за прекршок, ако:“.
Во точките 8), 20) и 24) зборовите: „Република Македонија се заменуваат со зборовите: Република Северна Македонија“.
Ставот (2) се менува и гласи:
„За прекршокот од ставот (1) на овој член ќе му се
изрече глоба и на одговорното лице во правното лице и
тоа во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 150 до 500 евра во денарска
противвредност за мал трговец, од 250 до 500 евра во
денарска противвредност за среден трговец и од 350 до
500 евра во денарска противвредност за голем трговец.“.
Ставот (3) се менува и гласи:
„За прекршокот од ставот (1) на овој член на правното лице, за кои глобата е утврдена до 1.000 евра во
денарска противвредност, покрај глобата од ставот (1)
на овој член, прекршочниот орган може да изрече
прекршочна санкција-привремена забрана за вршење
на одделна дејност во траење до 30 дена.“.
Ставот (4) се менува и гласи:
„За прекршокот од ставовите (1) и (2) на овој член
на правното лице, за кои глобата е над 1.000 евра во денарска противвредност, покрај глобата од ставовите (1)
и (2) на овој член, надлежниот суд може да изрече
прекршочна санкција-привремена забрана за вршење
на одделна дејност во траење од една година, а на одговорното лице во правното лице покрај глобата од ставот (2) на овој член, ќе му се изрече и забрана за вршење на должност во траење од три месеци.“.
Ставот (5) се менува и гласи:
„Глоба во износ од 50 до 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговецот поединец за
прекршокот од ставот (1) точка 26) на овој член.“.
Ставовите (6) и (7) се бришат.
Член 4
Членот 157-а се менува и гласи:
„(1) Глоба во износ од 600 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.000 до 2.000
евра во денарска противвредност за мал трговец, од
3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност за среден трговец и од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за голем трговец, ќе му се изрече на правното лице, ако како приредувач на игри на среќа во казино, не обезбеди надзорен информациски систем преку кој се поврзани сите автомати за игри на среќа поставени во казиното, без оглед на тоа дали тие се сместени во една или во повеќе деловни простории на приредувачот или системот не обезбедува точни податоци
за уплатата и исплатата на секој од автоматите кои може да се прикажуваат во секое време или таквиот систем не овозможува негово поврзување со информацискиот систем на Управата за јавни приходи (член 66
став (6) од овој закон).
(2) Глоба во износ од 600 до 1.000 евра во денарска
противвредност за микро трговец, од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за мал трговец, од 3.000
до 4.000 евра во денарска противвредност за среден
трговец и од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за голем трговец, ќе му се изрече на правно лице, ако како приредувач на игри на среќа во обложувалница не обезбеди надзорен информациски систем
22 ноември 2022
во кој се поврзани сите компјутери преку кои се врши
евидентирање на уплатата и исплатата од сите свои уплатно-исплатни места или системот не обезбедува точни податоци за уплатата и исплатата на секој од компјутерите кои може да се прикажуваат во секое време
или таквиот систем не овозможува негово поврзување
со информацискиот систем на Управата за јавни приходи (член 75 од овој закон).
(3) Глоба во износ од 600 до 1.000 евра во денарска
противвредност за микро трговец, од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за мал трговец, од 3.000
до 4.000 евра во денарска противвредност за среден
трговец и од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за голем трговец, ќе му се изрече на правно лице, ако како приредувач на игри на среќа во автомат клуб, не обезбеди надзорен информациски систем
преку кој се поврзани сите автомати за игри на среќа,
без оглед на тоа дали тие се сместени во една или во
повеќе деловни простории на приредувачот или системот не обезбедува точни податоци за уплатата и исплатата на секој од автоматите кои може да се прикажуваат во секое време или таквиот систем не овозможува
негово поврзување со информацискиот систем на
Управата за јавни приходи (член 89 од овој закон).
(4) За прекршокот од ставовите (1), (2) и (3) на овој
член ќе му се изрече глоба и на одговорното лице во
правното лице и тоа во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 150 до 500
евра во денарска противвредност за мал трговец, од
250 до 500 евра во денарска противвредност за среден
трговец и од 350 до 500 евра во денарска противвредност за голем трговец.
(5) За прекршокот од ставовите (1), (2) и (3) на овој
член на правното лице, за кои глобата е утврдена до
1.000 евра во денарска противвредност, покрај глобата
од ставовите (1), (2) и (3) на овој член, прекршочниот
орган може да изрече прекршочна санкција-привремена забрана за вршење на одделна дејност во траење до
30 дена.
(6) За прекршокот од ставовите (1), (2) и (3) на овој
член на правното лице, за кои глобата е над 1.000 евра
во денарска противвредност, покрај глобата од ставовите (1), (2) и (3) на овој член, надлежниот суд може да
изрече прекршочна санкција-привремена забрана за
вршење на одделна дејност во траење од една година, а
на одговорното лице во правното лице покрај глобата
од ставот (4) на овој член, ќе му се изрече �� забрана за
вршење на должност во траење од три месеци.“.
Член 5
Во членот 158 воведната реченица се менува и
гласи:
„Глоба во износ од 150 до 250 евра во денарска
противвредност ќе му се изрече на физичко лице за
прекршок, ако:“.
Во точката 1) зборовите: „Република Македонија“
се заменуваат со зборовите: „Република Северна Македонија“.
Член 6
Членот 158-б се менува и гласи:
„(1) За прекршоците од членовите 157, 157-а и 158
од овој закон за кои глобата е утврдена до 250 евра во
денарска противвредност за физичкото лице односно
трговецот поединец, до 500 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице и
до 1.000 евра во денарска противвредност за правното
лице, прекршочна постапка и прекршочни санкции изрекува Управата за јавни приходи.
Sélectionner le paragraphe cible3
Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières