22 ноември 2022 Бр. 251 - Стр. 23 СОВЕТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 3677. Врз основа на член 66 ст.1 и член 67 ст.1 од Законот за јавното обвинителство („Службен весник на РСМ“ бр.42/20), член 9 ст.1 т.2, член 39 став 1 и став 2 и член 40 ст.1 од Законот за Советот на јавните обнвинители на Република Северна Македонија, („Службен весник на РСМ“ бр.42/20), Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, нa седумдесеттата седница одржана на 14.11.2022 година, донесе ОДЛУКА ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ОСНОВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА – СКОПЈЕ I За Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, се именува: 1. Ислам Абази II Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето 14.11.2022 година, и ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“. СОИ бр. 6/22 14 ноември 2022 година Скопје Совет на јавните обвинители на Република Северна Македонија Претседател, Антонио Јолевски, с.р. __________ 3678. Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, согласно чл.9 ст.1 алинеа 3 чл.10 ст.1, чл.43 и чл.47 од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.42/20), на одржаната шеесет и деветта седница на ден 11.11.2022 година ја донесе следната ОДЛУКА I На Ристе Шошески - јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Прилеп, му се утврдува престанок на функцијата јавен обвинител, поради исполнување на условите за старосна пензија. II Функцијата јавен обвинител и работниот однос му престанува заклучно со 14.11.2022 година. III Оваа одлука влегува во сила на ден 11.11.2022 година, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“. СОР бр. 21/22 11 ноември 2022 година Скопје Совет на јавните обвинители на Република Северна Македонија Претседател, Антонио Јолевски, с.р. 3679. Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, согласно чл.10 ст.1 и чл. 35 ст.1 т.2 од Закон за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија („Службен весник“ бр.42/20), на седница одржана на 11.11.2022 година, ја донесе следната ОДЛУКА ЗА ПРЕСТАНОК НА МАНДАТ ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА I На Фаик Арслани, член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, му се утврди престанок на мандатот член на Советот по негово барање заклучно со 11.11.2022 година. II Оваа одлука влегува во сила од денот на нејзиното донесување, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“. СОР бр. 22/22 11 ноември 2022 година Скопје Совет на јавните обвинители на Република Северна Македонија Претседател, Антонио Јолевски, с.р. РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 3680. Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 17 од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22) и член 13 од Правилникот за лиценци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/19, 54/19, 214/19, 114/20, 246/20 и 44/21), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на седницата одржана на 21 ноември 2022 година, донесе ОДЛУКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 1. На Друштвото за производство, трговија и сточарство МАЈА КОМПАНИ ДООЕЛ експорт-импорт с. Кадино Илинден се издава лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ “МАЈА СОЛАР”. 2. Лиценцата за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија е дадена во Прилог, којшто е составен дел на оваа одлука. 3. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. УП1 Бр.12-200/22 21 ноември 2022 година Скопје Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија Претседател, Марко Бислимоски, с.р.

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières