22 ноември 2022 (6) Новинарот како автор не одговара за навреда, ако докаже дека објавувањето му е наложено од страна на издавачот спротивно на закон, уредникот или лицето кое го заменува или содржината на неговата изјава е суштински изменета од страна на уредникот или лицето кое го заменува. (7) Новинарот како автор не одговара ако изнесувањето или пронесувањето тврдења за факти добило карактер на навреда со неговото опремување со ставање на наслови, поднаслови, фотографии, извлекување на делови од него, најави или на друг начин, од страна на уредникот или лицето кое го заменува. Исклучување на одговорност Член 7 (1) Нема одговорност за навреда, ако: 1) изјавата е дадена во работата на Собранието на Република Северна Македонија; 2) изјавата е дадена во работата на советите на општините и градот Скопје, во управна или судска постапка или пред Народниот правобранител, освен ако тужителот докаже дека е дадена злонамерно; 3) со изјавата или на друг начин е пренесено мислење или информација содржано во службен документ на Собранието на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, органите на државната управа, судовите или други државни органи, соопштение или други документи на меѓународни организации или конференции, соопштение или друг документ за информирање на јавноста издадени од надлежни државни органи, установи или други правни лица, соопштение или друг службен документ од истраги за сторени кривични дела или прекршоци; 4) со изјавата или на друг начин се пренесени мислења изнесени на јавен собир, во судска постапка или друга јавна манифестација на активноста на државни органи, установи, здруженија или правни лица или се известува за изјава или содржина што е јавно соопштена од друг и 5) средството што ја пренесува изјавата или содржината е платформа за агрегација на медиуми. (2) Не е одговорен за навреда тој што во научно, книжевно или уметничко дело, во сериозна критика, во вршење на службена должност, новинарска професија, политичка или друга општествена дејност, во одбрана на сло бодата на јавно изразување на мислата или на други права или при заштита на јавен интерес или други оправдани интереси, ќе изнесе омаловажувачко или понижувачко мислење за друг, ако: 1) од начинот на изразувањето или од другите негови околности произлегува дека тоа нема значење на навреда или 2) не предизвикало значителна повреда на честа и угледот на личноста или 3) не е изнесено исклучиво со цел да се понижи личноста на друг или да се омаловажи неговата чест и углед. (3) Не е одговорен за навреда тој што ќе изнесе омаловажувачко или понижувачко мислење за носител на јавна функција во јавен интерес, ако докаже дека тоа е засновано врз вистинити факти или ако докаже дека имал основана причина да поверува во вистинитоста на таквите факти или ако изјавата содржи оправдана критика или поттикнува расправа од јавен интерес или е дадена во согласност со професионалните стандарди и етика на новинарската професија. (4) Не е одговорен за навреда тој што изнесува омаловажувачко или понижувачко мислење за друг со искрена намера или увереност во добронамерноста на неговото мислење. Бр. 251 - Стр. 3 (5) При оценувањето на условите за исклучување на одговорноста судот ќе ги примени критериумите за оправдано ограничување на слободата на изразување содржани во Европската конвенција за заштита на човековите права и во судската практика на Европскиот суд за човекови права. Одговорност за клевета Член 8 (1) За клевета одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лице изнесува или пронесува невистинити тврдења за факти што се штетни з�� неговата чест и углед, а знае, можел да знае или бил должен и може да знае дека се невистинити. (2) Одговорност за клевета постои и ако невистинитото тврдење за факти е штетно за угледот и честа на група лица, умрено лице или правно лице. (3) Ако изнесувањето или пронесувањето невистинити тврдења за факти е сторено преку средства за информирање на кои се објавуваат содржини на начин достапен за јавноста, за клевета можат да одговараат авторoт на невистинитите тврдења, уредникот или лицето кое го заменува и правното лице. Ако средството за информирање нема уредник или лице кое го заменува, одговара физичкото лице или правното лице сопственик на средството за информирање. (4) Во случаите од ставот (3) на овој член, тужителот при поднесувањето на тужбата е слободен да одлучи против кое од лицата од ставот (3) на овој член ќе поднесе тужба за утврдување одговорност и надоместување на штета за клевета. (5) За клевета сторена од новинар одговараат и уредникот или лицето кое го заменува во средството за информирање и правното лице што го издава средството за информирање, врз начелото на претпоставена одговорност. (6) Новинарот како автор не одговара за клевета, ако докаже дека објавувањето му е наложено од страна на издавачот спротивно на закон, уредникот или лицето кое го заменува или содржината на неговата изјава е суштински изменета од страна на уредникот или лицето кое го заменува. (7) Новинарот како автор не одговара ако изнесувањето или пронесувањето невистинити тврдења за факти добило карактер на клевета со неговото опремување со ставање на наслови, поднаслови, фотографии, извлекување на делови од него, најави или на друг начин, од страна на уредникот или лицето кое го заменува. Докажување на вистинитоста Член 9 (1) Тужениот е должен да ја докажува вистинитоста на фактите содржани во тврдењето. (2) Тужениот кој ќе ја докаже вистинитоста на своето тврдење или ќе докаже дека имал основана причина да поверува во неговата вистинитост нема да одговара за клевета. (3) По исклучок од ставовите (1) и (2) на овој член, товарот на докажување паѓа врз тужителот кој како носител на јавна функција има законска должност да даде објаснување за конкретни факти кои најнепосредно се поврзани или се од значење за вршењето на неговата функција, ако тужениот имал основани причини за изнесување на тврдење што е од јавен интерес.

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières