Стр. 34 - Бр. 251
22 ноември 2022
3683.
Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 17
од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22) и
член 13 од Правилникот за лиценци („Службен весник
на Република Северна Македонија“ бр.51/19, 54/19,
214/19, 114/20, 246/20 и 44/21), Регулаторната комисија
за енергетика и водни услуги на Република Северна
Македонија на седницата одржана на 21 ноември 2022
година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА
ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРОИЗВОДСТВО НА
ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. На Друштвото за меѓународен транспорт и шпедиција ГРДОВЈАНКА ДОО Штип се издава лиценца за
вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала
ФЕЦ “ГРДОВЈАНКА”.
2. Лиценцата за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија е дадена во Прилог,
којшто е составен дел на оваа одлука.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на
Република Северна Македонија.
УП1 Бр. 12-400/22
21 ноември 2022 година
Скопје
Регулаторна комисија за
енергетика и водни услуги на
Република Северна Македонија
Претседател,
Марко Бислимоски, с.р.
Прилог:
ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ
ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. Назив и седиште на носителот на лиценцата
Друштво за меѓународен транспорт и шпедиција
ГРДОВЈАНКА ДОО Штип, со седиште на ул. “Гоце
Делчев” бр.48 Штип, Република Северна Македонија
2. Енергетска дејност за која се издава лиценцата: Производство на електрична енергија
3. Датум на издавање на лиценцата: 21 ноември
2022 година
4. Датум на важење на лиценцата: 21 ноември
2057 година
5. Евидентен број на издадената лиценца: ЕЕПРОИЗ-760-2022
6. Единствен матичен број: 5117330
7. Единствен даночен број: 4029996108166
8. Подрачје на кое се врши енергетската дејност
Носителот на лиценцата ја врши енергетската дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ “ГРДОВЈАНКА”, на објект бр.1 на КП бр.1328/1, КО Штип 1, Општина Штип.
9. Општи обврски за носителот на лиценцата
Носителот на лиценцата е должен да:
- постапува согласно член 70 од Законот за енергетика*,
- обезбеди сигурно, безбедно, континуирано и квалитетно производство и испорака на електрична енергија до точката на прием во електродистрибутивниот
систем,
- им ги обезбеди на операторот на електропреносниот систем, операторот на пазарот на електрична
енергија, операторот на електродистрибутивниот систем, сите потребни податоци и информации кои се неопходни за извршувањето на нивните обврски од лиценците, во согласност со Мрежните правила за пренос
на електрична енергија, Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Правилата за пазар на
електрична енергија,
- доставува извештаи за опремата, постројките, плановите за одржување и планираната расположливост
до операторот на електродистрибутивниот систем, во
согласност со Мрежните правила за дистрибуција на
електрична енергија,
- доставува податоци и информации согласно Правилникот за начинот и постапката за следење на функционирањето на пазарите на енергија,
- доставува известувања за сите околности, настани
и промени кои што имаат или би можеле да имаат влијание врз вршењето на енергетската дејност,
- да води одвоено сметководство за секоја поединечна е��ергетска дејност што ја врши или други дејности кои ги извршува,
- ги почитува и да постапува согласно Правилата за
пазар на електрична енергија, Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем, Мрежните правила
за дистрибуција на електрична енергија, како и согласно правилниците и другите прописи кои ги донесува
или одобрува Регулаторната комисија за енергетика и
водни услуги на Република Северна Македонија врз
основа на Законот за енергетика*,
- овозможи непосреден увид по барање на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, во целокупната документација која што се однесува на вршењето на енергетската дејност за која што е издадена лиценцата, во согласност со Правилникот за лиценци,
- работи во согласност со законите, другите прописи и општи акти на Република Северна Македонија, а
особено оние кои се однесуваат на вршење на дејноста
производство на електрична енергија, заштита на конкуренцијата, заштита на потрошувачите, заштита на
животната средина, животот и здравјето на луѓето и
заштита при работа.
10. Обврска за доставување на Годишен извештај за работењето
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната
комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија најдоцна до 31 март во тековната
година да достави Годишен извештај за работењето,
вклучувајќи го и извештајот за финансиското и деловното работење во претходната година.
Годишниот извештај со сите прилози задолжително
се доставува и во електронска форма.
Годишниот извештај треба да содржи податоци за:
1) опис и обем на вршењето на енергетската дејност
во текот на годината,
2) годишна завршна сметка со сите прилози,
3) преземени мерки во текот на извештајната година за:
Sélectionner le paragraphe cible3
Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières