(6) Податоците од ставот (1) на овој член не смеат да се откријат на лицето за кое се укажува во
информацијата.
Обезбедување заштита на укажувачот
Член 8
(1) На укажувачот и на нему блиско лице им се обезбедува заштита од било каков вид на
повреда на право, при утврдување одговорност, санкција, престанок на работен однос,
суспензија на работно место, распоредување на друго работно место кое е понеповолно,
дискриминација или штетно дејствие или опасност од настапување на штетни дејствија заради
извршеното заштитено внатрешно и надворешно пријавување или заштитено јавно пријавување.
(2) Заштитата од ставот (1) на овој член се обезбедува од страна на институцијата, односно
правното лице каде е извршено пријавување со преземање дејствие да се спречи повреда на
правата од работен однос или на кое било право и воздржување од дејствија со кои се повредува
или загрозува било кое право на укажувачот заради извршеното пријавување.
(3) Доколку не е обезбедена заштитата од ставот (2) на овој член, укажувачот за ова пријавува
во Државната комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител на Република
Македонија, Инспекцискиот совет, Министерството за внатрешни работи и до Јавното
обвинителство на Република Македонија, кои по пријавата без одлагање постапуваат согласно со
своите надлежности.
(4) Правото на заштитата од овој член се проширува да ги опфати и лицата кои ќе сторат
веројатно дека оној кој е пријавен може да се сомнева дека извршилe пријавување против него.
Член 9
(1) По добивање на пријавата од членот 8 став (3) од овој закон, институциите од членот 8 став
(3) од овој закон, без одлагање од институцијата, односно правното лице каде е извршено
пријавување, бара известување за постоење на било каков вид на повреда на право на
укажувачот и на членовите на неговото семејство, заради извршеното пријавување. 2Текстот на
оваа одредба, во која стои „институциите од членот 8 став (3) ... бара известување“, е идентичен
со текстот на член 9, став 1 од основниот Закон, објавен во „Службен весник на Република
Македонија“ бр. 196/2015.
(2) Правното лице, односно институцијата е должна без одлагање да постапи по барањата од
ставот (1) на овој член и без одлагање, а најдоцна во рок од осум дена, за ова да достави
известување.
(3) Доколку се утврди дека институцијата, односно правното лице каде е извршено пријавување
повредило право на укажувачот, на член на неговото семејство или нему блиско лице,
институциите од ставот (1) на овој член без одлагање се обраќаат до надлежните институции и
органи со писмено барање за итно преземање мерки за заштита на укажувачот со прекинување
на дејствијата, односно отстранување на пропустите со кои се повредуваат правата на
укажувачот.
(4) За преземените дејствија и утврдените наоди од ставовите (1), (2) и (3) на овој член,
институциите од ставот (1) на овој член без одлагање го известуваат укажувачот.
(5) Доколку и покрај преземената активност на институциите од ставовите (1), (2) и (3) на овој
член продолжи повредата на правото на укажувачот, на член на неговото семејство или нему
блиско лице, институциите без одлагање, а најдоцна во рок од осум дена покренуваат
иницијатива за поведување постапка за кривично гонење, односно иницијатива за поведување
Sélectionner le paragraphe cible3
Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières