Член 21
Разрешување на директорот
(1) Директорот може да биде разрешен од Советот само во следниве случаи:
а) на негово барање;
б) во случај на спреченост за вршење на функцијата поради болест подолго од шест месеци;
в) прифаќање на функција или работа што се неспоиви со неговата функција на директор;
г) ако е осуден за кривично дело за кое му е изречена казна затвор во траење подолго од шест
месеци или му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење професија, дејност или
должност, во траење подолго од шест месеци;
д) повреда на одредбите на овој закон или на прописите врз основа на него што може да се
утврди од извештајот за работа на Агенцијата или
ѓ) злоупотреба на функцијата според ревизорскиот извештај од членот 8 од овој закон.
(2) На директорот против кого е во тек постапка за разрешување му се овозможува одбрана пред
Советот.
(3) Одлуката за разрешување на директорот покрај другото треба да ги содржи причините за
неговото разрешување, детално образложени и истата се објавува на веб страницата на
Агенцијата во рок од седум дена од денот на нејзиното донесување.
(4) Ако директорот е разрешен, а постапката за избор на директор не е завршена, функцијата
директор ќе ја врши заменикот на директорот на Агенцијата, за период не подолг од три месеци.
(5) Одредбите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член важат и за заменикот на директорот на
Агенцијата.
(6) Одлуката од ставот (3) на овој член е конечна, а против истата може да се поднесе тужба до
надлежниот суд, согласно со закон.
Член 22
Организација и вработување во Агенцијата
(1)
Стручните,
нормативно-правните,
управните,
управно-надзорните,
материјалнофинансиските, сметководствените, информатичките и другите работи на Агенцијата ги врши
стручна служба чија внатрешна организација, делокруг на работа и услови за вработување
поблиску се уредуваат со актите за внатрешна организација и систематизација на работите и
задачите, согласно со Законот за работните односи.
(2) Одредбите од Законот за државните службеници не се применуваат на вработените во
Агенцијата.
(3) Во состав на стручната служба на Агенцијата задолжително постои организациона единица за
вршење на програмски надзор (мониторинг) на програмите кои се емитуваат од страна на
радиодифузерите, давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и програмските
пакети на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои реемитуваат програмски
сервиси од аспект на почитувањето на одредбите на овој закон, подзаконските акти и другите
акти донесени од Агенцијата, дозволите и издадените потврди за регистрација, во согласност со
годишниот план за вршење на програмски надзор и Методологијата за вршење на програмски
надзор што ја утврдува Агенцијата со подзаконски акт.
Sélectionner le paragraphe cible3
Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières