Член 49 Обврски за кинематографски дела Давателите на аудиовизуелни медиумски услуги не смеат да објавуваат односно пренесуваат кинематографски дела надвор од периодот утврден во договорите со имателите на права. Член 50 Заштита на малолетни лица (1) Давателите на аудиовизуелни медиумски услуги не смеат да емитуваат програми кои можат сериозно да му наштетат на физичкиот, психичкиот или моралниот развој на малолетните лица, особено програми кои содржат порнографија или непотребно насилство. (2) Непотребно насилство претставува ширење текстуални, вербални и визуелни пораки со кои, во термини од програмата што им се достапни на малолетниците се глори��ицираат физички, вербални или психолошки облици на садизам или слични видови на насилство кое е цел самото за себе и на ниту еден начин не може да се оправда ниту преку контекстот на жанрот, ниту преку мотивите на драмското дејствие на прикажуваната програма. (3) Забраната од ставот (1) на овој член се однесува и на други програми кои веројатно би можеле да му наштетат на физичкиот, психичкиот или моралниот развој на малолетните лица, освен кога е обезбедено со нивното емитување или репризирање во одреден временски период и/или со примена на одредена техничка мерка, малолетните лица во периодот на емитување или репризирање нема на вообичаениот начин да ги слушнат или да ги видат тие програми. Кога вакви програми се емитуваат или репризираат во не кодирана форма, давателот на аудиовизуелни медиумски услуги е должен пред нивното емитување да обезбеди претходно акустично предупредување и можност да бидат препознаени со помош на визуелни знаци во текот на нивното времетраење. (4) Агенцијата ќе ги пропише техничките мерки, периодите на емитување, акустичното предупредување, визуелните знаци и начинот на постапување на давателите на аудиовизуелни медиумски услуги во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член. (5) Операторите на јавни електронски комуникациски мрежи можат да емитуваат или реемитуваат програмски сервиси со порнографија само во кодиран облик. Забрането е емитување или реемитување на детска порнографија. Член 51 Информации достапни за корисниците (1) Давателите на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги треба на своите корисници да им овозможат лесен, директен и постојан пристап најмалку до следниве податоци: - името на давателот на аудио или аудиовизуелната медиумска услуга, односно називот, заштитниот знак или сопствениот скратен идентификациски знак (авизо, лого и слично), - адресата на седиштето на давателот на аудио или аудиовизуелната медиумска услуга, - податоци за контакт со давателот на аудио или аудиовизуелната медиумска услуга (телефонски број, адресата на електронската пошта и/или веб страница, контакт лице за брзо, директно и ефикасно стапување во контакт) и - доколку е возможно и за надлежното регулаторно тело.

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières