(5) Програмскиот совет на МРТ именуван согласно со одредбите од овој закон ќе го донесе
Статутот на МРТ во рок од 60 дена од денот на донесувањето на одлуката за избор на членови во
Програмскиот совет на МРТ.
(6) Програмскиот совет на МРТ од ставот (3) на овој член ќе донесе одлука за објавување на
јавен конкурс за избор на членови во Надзорниот одбор на МРТ во рок од 15 дена од денот на
донесувањето на Статутот на МРТ. Изборот на членови на Надзорниот одбор на МРТ ќе се изврши
во согласност со одредбите од овој закон и со Статутот на МРТ.
(7) Со изборот на членовите на Надзорниот одбор на МРТ им престанува мандатот на постојните
членови на Управниот одбор на МРТ.
(8) Програмскиот совет на МРТ ќе донесе одлука за објавување на јавен конкурс за избор на
директор и заменик на директорот на МРТ во рок од 15 дена од денот на донесувањето на
Статутот на МРТ. Изборот на директорот и заменикот на директорот на МРТ ќе се изврши во
согласност со одредбите од овој закон и со Статутот на МРТ.
(9) Во рок од шест месеци од денот на донесувањето на одлуката за избор на директор и заменик
на директорот на МРТ, МРТ ќе ги донесе актите кои произлегуваат од овој закон, а до денот на
влегувањето во сила на актите, ќе се применуваат актите што важеле до денот на влегувањето
во сила на овој закон.
Член 154
(1) Постојните оператори кои реемитуваат програмски сервиси преку јавни електронски
комуникациски мрежи се должни во рок од девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој
закон до Агенцијата да достават пријава за регистрација согласно со овој закон.
(2) Агенцијата, по службена должност, ќе изврши замена на постојните дозволи за вршење на
радиодифузна дејност со нови дозволи за телевизиско или радио емитување во согласност со
овој закон, во рок од 90 дена од денот на донесувањето на одлуката за избор на директор на
Агенцијата, со рок на важност од девет години сметано од денот на издавањето на новата
дозвола.
(3) Обврските утврдени во членот 92 ставови (4), (8) и (9) на овој член ќе се применуваат од 1
јануари 2014 година.
Член 155
Со денот ��а влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат Законот за
радиодифузната дејност ("Службен весник на Република Македонија" број 100/2005, 19/2007,
103/2008, 152/2008, 6/10, 145/10, 97/11,13/12 и 72/13), со исклучок на одредбата од членот 10
став (11) од Законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност
(„Службен весник на Република Македонија“ број 72/13).
Член 156
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на
Република Македонија".
Sélectionner le paragraphe cible3
Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières