Член 40 Утврдување на недозволена медиумска концентрација (1) Постоењето на недозволена медиумска концентрација согласно со овој закон и постоењето на повреда на забраната од членовите 34, 35 став (2) или 38 од овој закон ги утврдува Агенцијата. (2) Во постапката за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација и на постоење на повреда на забраната од членовите 34, 35 став (2) или 38 од овој закон, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон поинаку не е определено. Член 41 Претходно известување при промена на сопственичката структура (1) Пред спроведување на каква било промена на сопственичката структура, радиодифузерот е должен да ја извести Агенцијата. (2) Радиодифузерот не смее да ја спроведе промената на сопственичката структура пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата, односно пред правосилното завршување на управниот спор од ставот (9) на овој член. (3) Агенцијата е должна во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето од ставот (1) на овој член да испита дали со предложените промени на сопственичката структура би се создала недозволена медиумска концентрација, во смисла на овој закон, односно да испита дали предложените промени на сопственичката структура се спротивни на забраната од од членовите 34, 35 став (2) или 38 од овој закон. Притоа, Агенцијата е должна да соработува и разменува информации со државни органи и тела, согласно со овој закон. (4) Агенцијата може од оправдани причини да го продолжи рокот од ставот (3) на овој член, само еднаш, но не повеќе од 30 дена за што писмено ќе го информира радиодифузерот во рок не помал од три дена пред истекот на рокот од ставот (3) на овој член. (5) Заради испитување на известувањето од ставот (1) на овој член радиодифузерот е должен по писмено барање на Агенцијата да и достави податоци од значење за одлучувањето. (6) Доколку во роковите определени согласно со ставовите (3) и (4) на овој член се утврди дека со предложенит�� промени на сопственичката структура не би се создала недозволена медиумска концентрација, во смисла на овој закон, односно дека истите не се спротивни на забраната од членовите 34, 35 став (2) или 38 од овој закон, Агенцијата во роковите определени согласно со ставовите (3) и (4) на овој член ќе донесе одлука со која ќе го дозволи спроведувањето на промената во сопственичката структура. (7) Доколку во роковите определени согласно со ставовите (3) и (4) од овој член се утврди дека со предложените промени на сопственичката структура би се создала недозволена медиумска концентрација, во смисла на овој закон, односно дека истите се спротивни на забраната од членовите 34, 35 став (2) или 38 од овој закон, Агенцијата ќе донесе одлука во роковите определени согласно со ставовите (3) и (4) на овој член со кое ќе го забрани спроведувањето на промената во сопственичката структура. (8) Одлуката од ставот (7) на овој член задолжително ги содржи причините поради кои Агенцијата го забранува спроведувањето на промената во сопственичката структура.

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières