- начин и постапка за доделување, одземање или продолжување на дозвола за телевизиско или радио емитување, - начинот и постапката на водење на регистрите утврдени со овој закон и - други одредби од значење за работењето на Агенцијата. (3) Деловникот за работа на Агенцијата е јавно достапен и истиот се објавува на веб страницата на Агенцијата во рок од седум дена од денот на неговото донесување. Член 8 Отчетност за работата на Агенцијата (1) Агенцијата за својата работа дава отчет пред Собранието на Република Македонија со доставување на извештај за својата работа. (2) Извештајот од ставот (1) на овој член Агенцијата јавно го објавува на својата веб страница и истиот го доставува до Собранието на Република Македонија на разгледување најдоцна до 31 март во тековната година. (3) Извештајот од ставот (1) на овој член содржи: а) годишен извештај за работа на Агенцијата за претходната година и б) годишна програма за работа на Агенцијата за наредната година. (4) Годишниот извештај за работа на Агенцијата за претходната година од ставот (3) точка а) на овој член особено соджи: - извештај за реализацијата на активностите утврдени во годишната програма за работа на Агенцијата, за претходната година, во кој треба да се прикаже реализацијата на годишниот план за програмски надзор, - финансиски извештај за реализација на финансискиот план за претходната година и годишна сметка со податоци за реализирани приходи, расходи, побарувања и обврски за претходната година групирани по структура и по организацона структура на Агенцијата и - ревизорски извештај од независен меѓународен овластен ревизор и ревизорски извештај од Државниот завод за ревизија, доколку е извршена ревизија од него, како и став на Агенцијата во однос на резултатите од извршената ревизија. (5) Со годишната програма за работа на Агенцијата за наредната година од ставот (3) точка б) на овој член се утврдени задачите и целите кои Агенцијата треба да ги исполни наредната година, согласно со овој закон и истата особено треба да содржи: - програма на планирани активности и - финансиски план за нaредната година, кој содржи податоци за реализација на планираните активности, планираните приходи и расходи на Агенцијата за наредната година групирани по структура и по организациона структура на Агенцијата, како и предвидените капитални инвестиции на Агенцијата за наредната година. (6) Нереализиран��те средства од финансискиот план на Агенцијата од претходната година се пренесуваат во финансискиот план на Агенцијата за наредната година.

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières