во службените простории на Агенцијата во рок од три дена од денот на извршениот стручен
надзор со образложение за причините за тоа.
(4) Записникот треба да содржи приказ на утврдената фактичка состојба при надзорот, како и
констатирани забелешки, изјави и други релевантни факти и околности.
(5) Образецот за формата и задолжителните елементи од записникот за извршениот надзор
Агенцијата го утврдува со акт.
(6) Овластеното лице е должно веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на извршувањето
на стручниот надзор записникот од ставот (2) на овој член да го достави до директорот на
Агенцијата.
(7) Доколку со записникот е констатирана повреда или прекршување, овластеното лице е должно
со истиот да достави и предлог на мерка согласно со овој закон.
Член 33
Права и обврски на радиодифузерот како субјект на стручниот надзор
(1) Радиодифузерот е должен на овластеното лице при вршење на стручен надзор да му
овозможи непречено вршење на стручниот надзор.
(2) За непречено вршење на стручниот надзор одговара субјектот на стручниот надзор и
одговорното лице во радиодифузерот.
(3) Радиодифузерот е должен на овластеното лице заради вршење на стручен надзор да му
овозможи:
- во определениот рок влегување во просторија каде што се наоѓаат средствата и предметите за
обезбедување на медиумски услуги и
- да му ги стави на увид и на барање на овластено��о лице да му даде информации, податоци и
документација или кои било други средства потребни за вршење на стручниот надзор.
(4) Радиодифузерот е должен по писмено барање на овластеното лице, во рок определен со
барањето, а кој не може да биде подолг од 15 дена, на овластеното лице да му достави или
подготви точни и целосни податоци, извештаи, материјали или други документи кои се
неопходни за извршување на стручниот надзор.
(5) Доколку на овластеното лице при вршење на стручниот надзорот не му се овозможи
влегување во станбена просторија, овластеното лице може тоа да го стори со налог издаден од
надлежен суд.
(6) Радиодифузерот има право да дава изјави на записник и забелешки поврзани со стручниот
надзор со образложение за причините за истите.
Sélectionner le paragraphe cible3
Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières