Член 12
Совет
(1) Советот е составен од седум члена.
(2) Членовите на Советот треба да ја претставуваат различноста на македонското општество со
соодветна застапеност на двата пола.
(3) Членовите на Советот ако донесат одлука од своја надлежност со која ќе ги повредат
интересите на Агенцијата, одговараат неограничено и солидарно за штетата настаната со таквата
одлука. Нема да се смета за одговорен оној член на Советот кој укажал дека предложентата
одлука е спротивна на овој закон и се спротиставил на донесувањето на одлуката, на начин што
го издвоил своето мислење во записникот од седницата и гласал “против“ одлуката.
(4) Членовите на Советот имаат право на:
- месечен надоместок во висина до четири просечни месечни плати во Република Македонија
според податоците објавени од Државниот завод за статистика, согласно со Деловникот за
работа на Агенцијата,
- надоместок за патни трошоци на оние членови на Советот кои живеат надвор од Скопје кога
присуствуваат на седниците на Советот и
- надоместок за патни трошоци, сместување и дневници за службено патување согласно со
Законот за платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република
Македонија.
(5) Средствата за месечниот надоместок и на другите трошоци на членовите на Советот се
обезбедуваат од средствата на Агенцијата утврдени со финансискиот план.
(6) Работата на Советот поблиску се уредува со Деловникот за работа на Агенцијата во
согласност со овој закон.
(7) Советот работи со кворум од најмалку пет члена, а одлуките и другите акти ги донесува со
мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
(8) Советот од редот на своите членови избира и разрешува претседател и заменик на
претседателот, на начин и по постапка утврдена со Деловникот за работа на Агенцијата.
Член 13
Седници на Советот
(1) Седниците на Советот ги свикува претседателот на Советот по сопствена иницијатива, а
случај на негово отсуство или спреченост по иницијатива на заменикот на претседателот
Советот. Претседателот на Советот е должен да свика седница на Сов��тот по писмен предлог
три члена на Советот, или по писмен предлог на директорот на Агенцијата, најкасно во рок
три дена од денот на приемот на предлогот.
во
на
на
од
(2) Претседателот на Советот претседава на седниците на Советот и го претставува Советот, а во
случај на негово отсуство или спреченост обврските ги извршува заменикот на претседателот на
Советот.
(3) Одлуките и другите акти на Советот ги потпишува претседателот на Советот, или во случај на
негова спреченост, заменикот на претседателот на Советот, најдоцна во рок од три дена од денот
на нивното донесување.
Sélectionner le paragraphe cible3
Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières