(1) Директорот на Агенцијата и неговиот заменик ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија по предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата за време од шест години, со право на еден повторен избор. (2) Директорот на Агенцијата и неговиот заменик се именуваат врз основа на јавен оглас кој се објавува во три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија, од кои еден се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија подготвува предлог на листа од кандидатите за директор на Агенцијата и неговиот заменик и ја доставува до Собранието на Република Македонија. (3) За директор на Агенцијата и неговиот заменик се именува лице кое ги исполнува следниве услови: 1) е државјанин на Република Македонија; 2) има високо образование со стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правните науки; 3) има најмалку осум години работно искуство во областа на информирањето и правните науки; 4) да не било вршител на функција во орган на политичка партија во последните десет години; 5) со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и 6) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) положен, БУЛАТС (BULATS) најмалку 60 бода, - АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2). Престанок на функцијата и разрешување на директорот и на неговиот ��аменик Член 33 (1) На директорот на Агенцијата, односно на неговиот заменик му престанува функцијата пред истекот на мандатот за кој се именувани: - ако трајно ја изгуби способноста за вршење на функцијата, што го утврдува Собранието на Република Македонија, ако поднесе оставка, по лично барање, - поради исполнување услови за старосна пензија утврдени со закон, со право на продолжување согласно со прописите за работни односи, поради смрт, - ако со правосилна одлука му е изречена забрана за вршење забрана за вршење на професија, дејност или должност или 9 - ако со правосилна судска одлука е осуден на казна затвор од над шест месеци. (2) Собранието на Република Македонија во случаите од ставот (1) на овој член констатира престанок на функцијата. (3) Собранието на Република Македонија го разрешува директорот на Агенцијата, односно неговиот заменик по предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, ако е исполнет еден од следниве услови: - ако се утврди дека не исполнува еден од условите утврдени во членот 32 став (3) од овој закон, - ако одбие да поднесе изјава за имотна состојба и интереси согласно со закон или ако податоците содржани во изјавата во голем дел се невистинити, - очигледно ги прекрши правилата за судир на интереси, односно изземање во ситуации во кои директорот, односно неговиот заменик, знаел или требало да знае за постоење на некоја од основите за судир на интереси, односно

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières