(4) Со денот на влегувањето во сила на овој закон постојните членови на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер продолжуваат да ја вршат функцијата до отпочнувањето со работа на Агенцијата. Член 44 (1) Вработените од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со денот на започнувањето на примената на овој закон продолжуваат да работат во Aгенцијата. (2) Со денот на започнувањето на примената на овој закон Агенцијата ги презема предметите, архивата, материјалните, техничките, просторните и другите средства за работа неопходни за спроведување на овој закон од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. (3) Започнатите постапки до денот на започнувањето на примената на овој закон ќе завршат согласно со одредбите од овој закон. Член 45 Со денот на започнувањето на примена на овој закон престанува да важи Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ број 13/2006, 86/2008, 6/10, 42/14, 148/15, 55/16 и 64/18). Член 46 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија", а ќе започне да се применува шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières