се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за
ваквиот начин на доставување.
Продолжување на рокот за доставување на бараната информација
Член 22
(1) Во случај кога имателот на информацијата треба да овозможи делумен пристап до информацијата согласно со
членот 6 став (4) од овој закон или поради обемноста на бараната информација му е потребно подолго време од
рокот утврден во членот 21 од овој закон, рокот може да се продолжи најмногу до 30 дена од денот на приемот на
барањето.
(2) Имателот на информацијата за продолжувањето на рокот од ставот (1) на овој член е должен во електронска
форма да го извести барателот веднаш, а најдоцна седум дена од денот на приемот на барањето.
(3) Ако имателот на информацијата не постапи во рокот од ставот (1) на овој член, барателот на информацијата
може да поднесе жалба до Агенцијата.
Одговорени барања
Член 23
Имателот на информацијата е должен да го извести барателот на информацијата во однос на барањето за пристап
до информации ако по барањето веќе одговорил позитивно на исто или слично барање на истото лице во рок од
три месеци пред денот на приемот на барањето.
Доставување одговор по бараната информација
Член 24
(1) Ако имателот на информацијата позитивно одговори на барањето, веднаш му овозможува на барателот
запознавање со содржината на бараната информација и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис.
(2) Ако барателот бара да му се даде информацијата на увид, имателот на информацијата е должен да му овозможи
увид на тој начин што барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина.
(3) Ако, како резултат на добиената информација, произлезе барање за дополнителна информација поврзана со
документите кои ги поседува имателот на информацијата, барателот поднесува ново барање, согласно со членовите
15 и 16 од овој закон, заедно со одговорот што веќе го добил.
(4) Ако барателот смета дека информацијата со која се запознал не е информација што ја навел во барањето, може
да бара од имателот на информации да му се овозможи запознавање со информацијата што ја навел во барањето
најдоцна во рок од десет дена по приемот на повторното барање кај имателот на информацијата.
(5) Ако имателот на информацијата не одговори на повторното барање на барателот на информацијата, по истекот
на рокот утврден во ставот (4) на овој член, барателот на информација може да поднесе жалба до Агенцијата во
рок од 15 дена.
Одбивање
Член 25
Sélectionner le paragraphe cible3
Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières