Доколку по поднесувањето на тужбата за објава на исправката се смени одговорниот уредник на издавачот на медиум, тужителот може до крајот на главната расправа да го измени тужбеното барање и наместо претходниот тужен да го тужи новиот одговорен уредник. За таква измена на тужбеното барање не е потребна согласност од првобитниот тужен, ниту од новиот одговорен уредник. Право на објава на информации поврзани со судски постапки Член 25 1 Секое правно или физичко лице споменато во содржина на медиум дека против него е поднесена кривична пријава или дека е покрената истражна или кривична постапка има право во рок од три месеци од донесувањето на одлуката за отфрлање на кривичната пријава, донесување на правосилно решение со кое е прекината истражната или кривичната постапка или е донесена ослободителна правосилна пресуда, да бара од одговорниот уредник да ја објави информацијата за тоа. 2 На објавувањето на информациите од ставот 1 на овој член соодветно се применуваат одредбите од овој закон кои се однесуваат на постапката за остварување на правото на исправка. Право на одговор на објавена информација Член 26 1 Физичко или правно лице има право да поднесе барање до издавач на медиум, односно до одговорен уредник на издавачот на медиумот, без надоместок, да објави негов одговор на објавена информација, доколку физичкото или правното лице има поврзаност со наведените факти објавени во информацијата ��ли доколку има легитимен интерес. 2 Одговорот од ставот 1 на овој член содржи текст или порака од иста природа и со иста должина, како и објавената информација. Со одговорот суштински се негираат или битно се надополнуваат спорните наводи за фактите и податоците во објавената информација. Начин на објава на одговор Член 27 1 Одговорот на објавената информација мора да се објави без промена или дополнување со исклучок на правописните грешки. 2 Одговорниот уредник има право од подносителот на барањето за објавување на одговор на објавена информација, пред објавата да побара скратување на одговорот. 3 На правото на одговор се применуваат одредбите од член 19 од овој закон. 4 Одговорниот уредник може да одбие да го објави одговорот во случај кога објавената информација е дел од веродостоен извештај од јавни седници на државни органи и судови. Центар за развој на медиуми Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје Тел/факс: +389 2 3136 340 www.mdc.org.mk

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières