Промена на содржина во постапка на уредничка обработка Член 13 1 Содржината чија смисла е во значителна мера променета во постапката на уредничка обработка не смее да се објавува под името на авторот без негова согласност. 2 За содржината објавена спротивно на ставот 1 на овој член одговара одговорниот уредник. 3 Доколку со содржината објавена спротивно на ставот 1 на овој член авторот смета дека му е нарушен угледот, истиот има право на надоместок на штета согласно со закон. Импресум Член 14 1 Издавачот на медиум е должен на видно место за секој поединечен носител на содржина (на пример примерок од печатен медиум, и телевизиска емисија) да обезбеди објавување на следниве податоци: - назив и адреса на седиштето и уредништвото на издавачот на медиум, - име на одговорното лице на издавачот на медиум, - име и презиме на одговорниот уредник, односно уредниците во согласност со внатрешната организација на уредништвото и - назив и адреса на печатницата и датумот на печатење или препечатување, како и бројот на печатени примероци, кога се работи за печатен медиум. 2 За радиодифузери обврската од ставот 1 на овој член се применува на тој начин што податоците се објавуваат на почеток или на крајот на аудио/аудиовизуелните програми. 3 Издавачот на медиум е должен на соодветно место за секоја содржина да ги објави следниве податоци: - име и презиме на авторот на објавениот прилог, - име и презиме на лицето, односно фирм��та носител на авторски права за објавените содржини, освен во печатениот медиум и радио програмите, - датум на продукцијата (месец и година) кога се работи за аудио/аудиовизуелно дело, - потекло на аудио/аудиовизуелното дело, а доколку делото е создадено од независна продукција и информација за истото, - името на правното, односно името и презимето на лицето кое го чува користеното културно добро или архивско дело, односно соодветната репродукција и - името на издавачот на медиум од кој е преземен програмскиот прилог или исечок од програмскиот прилог, освен ако со меѓусебен договор поинаку не е уредено. Јавност во работата на издавачите на медиуми Член 15 1 Радиодифузерите се должни до 31 март во тековната година на посебен образец пропишан од страна на надлежното регулаторно тело да му достават податоци за: Центар за развој на медиуми Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје Тел/факс: +389 2 3136 340 www.mdc.org.mk

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières