- донесува одлука со која се дозволува, односно забранува промена во сопственичката структура на радиодифузер, - донесува одлука со која се поништува одлуката со која е дозволена промена во сопственичката структура на радиодифузер, - донесува одлука за поведување на постапка за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација, по службена должност, - донесува одлука со која се утврдува постоење на недозволена медиумска концентрација, - го информира органот надлежен за авторските права и сродните права кога се сомнева дека е сторена повреда на истите, - ги донесува подзаконските акти кои произлегуваат од овој закон, - ги донесува општите акти за работа на Агенцијата, - го донесува Деловникот за работа на Агенцијата, - ја усвојува завршната сметка на Агенцијата, - ги одобрува годишниот извештај за работа за претходната година и годишната програма за работа за наредната година на Агенцијата кои се составен дел на извештајот за работа на Агенцијата од членот 8 од овој закон, - го донесува годишниот план за вршење на програмски надзор и Методологијата за вршење на програмски надзор, - одлучува за преземање мерки за времено ограничување на пренос и прием на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги од други држави на територијата на Република Македонија, - донесува одлука за утврдување на листа на настани од големо значење за јавноста на Република Македонија, - донесува Кодекс за однесување на членовите на Советот и вработените во стручната служба на Агенцијата, - ги избира и разрешува директорот и заменикот на директорот на Агенцијата во согласност со овој закон и по постапка утврдена во Деловникот за работа на Агенцијата, - дава одобрување за донесување на одлуките на директорот на Агенцијата за располагање со имотот, како и за вработувањата и отпуштањата на вработените во стручната служба на Агенцијата, - го следи спроведувањето на годишната програма за работа на Агенцијата преку кварталните извештаи доставени од директорот на Агенцијата и - врши и други работи утврдени со овој закон. Член 19 Директор на Агенцијата (1) Советот избира директор на Агенцијата по пат на јавен конкурс. Кандидатот мора да биде со високо образование и работно искуство над пет години во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото. (2) Советот е должен да го избере директорот на Агенцијата не подоцна од 30 дена пред истекот на мандатот на неговиот претходник. (3) Директорот, неговиот брачен другар или вонбрачен другар, како и блиски роднини во права линија до второ колено, не можат да имаат дел на акции, директно или индиректно во организации што извршуваат активности што директно спаѓаат под надлежност на Агенцијата. (4) Директорот е професионално ангажиран во Агенцијата со полно работно време. (5) Советот избира и заменик на директорот на Агенцијата по пат на јавен конкурс со ист мандат како мандатот на директорот на Агенцијата.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents