комуникациска мрежа која не користи ограничен ресурс или со операторот на сателит, како и
документацијата определена во членот 73 став (3) од овој закон.
(5) Образецот на барањето од ставот (1) на овој член го изготвува Агенцијата и истиот се
објавува на веб страницата на Агенцијата.
(6) Доколку барањето не ги содржи податоците од ставовите (3) и (4) на овој член, Агенцијата во
рок од 30 дена од денот на приемот на барањето ќе го извести за тоа барателот и ќе го задолжи
во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето да го дополни барањето.
(7) Агенцијата ќе ја донесе одлуката за доделување на дозволата од ставот (1) на овој член во
рок од три месеци од денот на приемот на уредното барање, доколку утврди дека барателот ги
исполнува условите и обврските утврдени со овој закон и прописите донесени врз основа на него
и доколку на барателот не му била одземена дозвола за телевизиско или радио емитување во
последните пет години.
(8) Пред да ја донесе одлуката од ставот (7) на овој член Агенцијата може да побара од
барателот појаснување на одредени делови од барањето и документацијата од ставовите (3) и
(4) на овој член, на начин утврден во Деловникот за работа на Агенцијата.
(9) Агенцијата одлуката за доделување на дозвола ќе ја објави на својата веб страница.
Член 77
Издавање на дозвола за телевизиско или радио емитување
(1) По приемот на одлуката за доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување од
членот 75 или 76 од овој закон, избраниот најповолен кандидат, односно барателот за
доделување на дозвола без објавување на јавен конкурс треба да се регистрира во соодветниот
регистар како трговско радиодифузно друштво или непрофитна радиодифузна установа.
(2) Агенцијата ќе ја издаде дозволата за телевизиско или радио емитување во рок од 15 дена од
денот на приемот на регистрацијата од ставот (1) на овој член.
(3) Агенцијата за електронски комуникации врз основа на дозволата за радио емитување со
користење на радиофреквенции издава одобрение за користење на радиофреквенции согласно
со Законот за електронските комуникации.
(4) Агенцијата е должна во рок од пет дена од денот на издавањето на дозволата за емитување
преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс, или преку јавна електронска
комуникациска мрежа, писмено да го извести операторот преку кој ќе се емитува програмскиот
сервис.
(5) Операторот на дигитален терестријален мултиплекс ќе склучи договор со радиодифузерот кој
од Агенцијата има добиено дозвола за телевизиско или радио емитување, за емитување на
неговиот програмски сервис во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето од ставот
(4) на овој член, согласно со одредбите од Законот за електронските комуникации кои се
однесуваат на емитувањето преку дигитален терестријален систем.
(6) Операторот на јавна електронска комуникациска мрежа која не користи ограничен ресурс ќе
склучи договор со радиодифузерот кој од Агенцијата има добиено дозвола за телевизиско или
радио емитување, за емитување на неговиот програмски сервис во рок од 15 дена од денот на
приемот на известувањето од ставот (4) на овој член почитувајќи ги принципите на објективност,
транспарентност и недискриминација. Радиодифузерите се должни склучените договори да ги
достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на нивното склучување.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents