(9) Кога настанот за кој постои висок интерес кај јавноста трае два или повеќе дена,
радиодифузерот има право секој ден да обезбеди една кратко известување за тој настан.
(10) Радиодифузерот кој го искористил правото на кратко известување мора да му овозможи
еднократно користење на снимката на друг радиодифузер кој настанот не можел да го сними и
има право да бара надоместок за пропорционален, односно сразмерен дел од стварните трошоци
како и наведување на неговото име на објавата.
V.3.4. Програмски стандарди
Член 90
Времетраење на дневно емитување кај радиодифузерите
(1) Радиодифузерите што вршат дејност на државно ниво се должни да емитуваат најмалку 18
часа дневно програма на радио и најмалку 12 часа дневно програма на телевизија.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, дополнителните програмски сервиси на Јавниот
радиодифузен сервис, утврдени во членот 107 став (5) од овој закон можат да емитуваат и помал
број часови програма дневно.
(3) Радиодифузерите што вршат дејност на регионално ниво се должни да емитуваат најмалку 12
часа дневно програма на радио и најмалку 8 часа дневно програма на телевизија.
(4) Радиодифузерите што вршат дејност на локално ниво се должни да емитуваат најмалку 10
часа дневно програма на радио и најмалку 6 часа дневно програма на телевизија.
(5) Непрофитните радиодифузни установи се должни да емитуваат најмалку 4 часа дневно
програма на радио.
(6) Во дневната програма не се смета емитувањето на неподвижни слики, тест сигнали и други
видови на аудио и аудиовизуелен материјал кои не се опфатени со дефинициите за
аудиопрограма и за аудиовизуелна програма од членот 3 од овој закон.
Член 91
Обврски на радиодифузерите за емитување на европски дела и дела од
независни продуценти
(1) Телевизиските радиодифузери кои емитуваат телевизиски програмски сервиси на државно
ниво, тогаш кога тоа е изводливо и со соодветни средства треба да обезбедат најмалку 51% од
вкупно емитуваните програми во текот на годината да бидат европски аудиовизуелни дела при
што не се смета времето одредено за вести, спортски настани, игри, рекламирање, телетекст и
телешопинг услуги.
(2) Радиодифузерите кои емитуваат телевизиски програмски сервиси на државно ниво се должни
од буџетот наменет за програми да издвојат најмалку 10% за Европски аудиовизуелни дела од
независни продуценти, при што најмалку половина од истите треба да бидат произведени во
последните пет години.
(3) Обврската од ставовите (1), (2) и (5) на овој член радиодифузерите треба да ја исполнат
прогресивно, врз основа на соодветни критериуми, во согласност со остварувањето на
медиумските функции (информативна, образовна и забавна).
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents