на трошоците за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма. (2) Комисијата за својата работа до Владата на Република Македонија доставува годишен извештај за работа за претходната година. Годишниот извештај се доставува најдоцна до крајот на јануари во тековната година. Член 92-г Јавен повик (1) Министерството за информатичко општество и администрација, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на одлуката од членот 92-а на овој закон, распишува јавен повик за доставување на барање за одобрување на проект за производство на домашна документарна програма и домашна играна програма, за кој ќе се изврши исплата на надоместок за покривање на трошоците, кој трае 15 дена. (2) Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ формат на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс и јавниот радиодифузен сервис во рокот утврден во ставот (1) од овој член, до Комисијата од членот од членот 92-б на овој закон со барањето од ставот (1) на овој член доставуваат предлог проект за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма, за тековната година. (3) Предлог проектот од ставот (2) на овој член особено содржи: - Опис и вид на домашната документарна програма и/или домашната играна програма, - Рок и динамика за нејзино производство (почеток и крај на производството), со назначување на локациите, - Предвидени ресурси за производство на домашната документарна програма и/или домашната играна програма, - Финансиска конструкција на проектот, и - Лице за контакт (адреса, телефон, телефакс, е-маил). Член 92-д Одобрување на предлог проект (1) Комисијата од членот 92-б на овој закон, по добиените предлог проекти од членот 92-г став (2) на овој закон, најдоцна во рок од 15 дена од денот на завршување на јавниот повик од членот 92-г став (1) на овој закон, одлучува за исполнетоста на основните критериуми од членот 92 став (11) на овој закон. (2) Комисијата одобрените предлог проекти, најдоцна во рок од три дена од денот на нивното одобрување, ги доставува до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Член 92-ѓ Следење на процесот на производство (1) Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ формат на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс и јавниот радиодифузен сервис на кои им се одобрени предлог проектите врз основа на член 92-д од овој закон, до Комисијата од членот 92-б од овој закон доставуваат текстуален и фото извештај за текот и фазите на производството на домашната документарна програма и/или

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents