(4) При утврдувањето на предлозите, овластените предлагачи од ставот (1) на овој член, треба да ја имаат предвид одредбата од членот 116 став (4) од овој закон и треба да водат сметка за условите за именување согласно со членот 119 од овој закон. Член 118 Именување на членови на Програмскиот совет на МРТ (1) При утврдувањето на предлогот на кандидати за членови на Програмскиот совет на МРТ, Комисија за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните на сите заедници кои живеат во Република Македонија. (2) Мандатот на членовите на Програмскиот совет на МРТ е пет години со право на уште еден последователен мандат. (3) Собранието на Република Македонија најмалку 60 дена пред истекот на мандатот на Програмскиот совет на МРТ упатува јавен повик до овластените предлагачи од членот 117 од овој закон за доставување на предлог на кандидати за членови на Програмскиот совет на МРТ. (4) Овластените предлагачи од членот 117 од овој закон се должни предлозите да ги достават до Собранието на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на упатувањето на јавниот повик. Врз основа на доставените предлози од овластените предлагачи Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, во рок од 15 дена составува предлог на кандидати на Програмскиот совет на МРТ. (5) Собранието на Република Македонија најдоцна 15 дена пред истекот на мандатот на Програмскиот совет на МРТ ќе ги именува новите членови на Програмскиот совет на МРТ. (6) Програмскиот совет на МРТ може да работи доколку се именувани најмалку девет члена. Член 119 Неспоивост на функции (1) Членови на Програмскиот совет на МРТ не можат да бидат: - пратеници, членови на Владата, именувани или избрани функционери, раководни лица во државен орган, орган на државната управа, единица на локалната самоуправа или регулаторни тела, директори или членови на управни одбори на јавни претпријатија, - лица кои во последните пет години биле носители на јавни функции или биле раководни лица во орган на политичка партија или верска заедница, - лица вработени во МРТ и надворешни лица со кои МРТ има склучено до��овор за извршување на одредени работи, - лица кои извршуваат должност во органите на политичка партија и - лица кои, како сопственици на удели или акции, како членови на органи на управување, или како вработени, имаат интерес во други радиодифузери, новински агенции, друштва за реклама и пропаганда, друштва за истражување на пазарот и јавното мислење, друштва за филмска дистрибуција, друштва за филмска продукција или на друштва кои обезбедуваат јавни електронски комуникациски мрежи и услуги. (2) Доколку за време на мандатот на член на Програмскиот совет на МРТ се исполни некој од условите од ставот (1) на овој член истиот е должен да го извести претседателот, односно заменикот на претседателот на Програмскиот совет на МРТ.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents