програмските сервиси кои ги реемитува во моментот, а за кои е издадена потврдата за
регистрација од страна на Агенцијата.
(5) Операторот кој реемитува програмски сервиси е должен да води посебно сметководство за
активностите поврзани со реемитувањето на програмските сервиси.
Член 144
Дополнителни обврски на оператор кој реемитува програмски сервиси
(1) Оператор кој реемитува програмски сервиси може да воспостави интерен телевизиски канал
на кој ќе објавува само информации за функционирањето и услугите што истиот ги обезбедува.
Обезбедувачот на програмскиот пакет е должен излезниот сигнал на интерниот телевизиски
канал да го снима целосно и без прекин, а снимките да ги чува најмалку 30 дена по
емитувањето.
(2) Оператор кој реемитува програмски сервиси не смее да го попречува слободниот прием на
радио и телевизиски програмски сервиси што се емитуваат преку терестријален предавател.
(3) Операторите кои реемитуваат програмски сервиси или давателите на аудиовизуелни
медиумски услуги по барање се должни својот излезен сигнал со иста содржина на онаа што им е
достапна на нивните претплатници, континуирано да го испорачуваат до локацијата за
прибирање на сигнали лоцирана во секои од подрачјата на регионално ниво согласно членот 62
став (4) од овој закон, заради негова натамошна дистрибуција до системот за програмски надзор
на Агенцијата во Скопје.
(4) Локациите за прибирање на сигнали од ставот (3) на овој член ги утврдува Агенцијата и
истите ги објавува на својата веб страница.
IX. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
Член 145
(1) Глоба во износ од 50.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на
правното лице ако не ги почитува обврските од членот 92 ставови (8) и (9) од овој закон.
(2) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното
лице на програмата во правното лице за сторениот прекршок од ставот (1) на овој член.
Член 146
(1) Глоба во износ од 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на
правното лице ако не ги почитува обврските од членот 92 ставови (4), (5), (6) и (13) од овој
закон.
(2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното
лице на програмата во правното лице за сторениот прекршок од ставот (1) на овој член.
Член 147
(1) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на
правното лице, ако:
1) не овозможи вршење на стручен надзор согласно со членот 32 од овој закон;
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents