Имателот на информација со решение може во целост или делумно да го одбие барањето, ако утврди дека бараната информација е информација од членот 6 став (1) од овој закон, имајќи го предвид резултатот од спроведениот тест за штетност. Право на правна заштита Член 26 Право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел барање за пристап до информација согласно со членот 12 став (1) од овој закон. Жалбена постапка Член 27 (1) Против решението со кое имателот на информацијата го одбил или отфрлил барањето, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Агенцијата. (2) Агенцијата решава по жалбата на барателот во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата. (3) Ако Агенцијата во рокот од ставот (2) на овој член не донесе решение по жалбата на барателот против првостепеното решение, а не го донесе ниту во рок од седум дена по повтореното барање, барателот може да поведе управен спор. (4) Имателот на информацијата е должен да го спроведе решението на Агенцијата во рок од 15 дена од денот на неговиот прием и за истото да ја извести Агенцијата. V. ТРОШОЦИ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ Член 28 (1) Увидот во бараната информација е бесплатен. (2) Барателот на информација за добиениот препис, фотокопија или електронски запис на информацијата, плаќа надоместок во висина на материјалните трошоци. (3) Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за финансии ја утврдува висината на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации. (4) Имателот на информација висината на надоместокот од ставот (3) на овој член ја објавува на соодветен начин (во службен билтен на имателот на информацијата, интернет страница, огласна табла и слично) и му ја дава на увид на секој барател пред поднесување на барањето. (5) Ако барањето се однесува на информација од поголем обем, имателот на информацијата може да бара барателот да го даде однапред надоместокот за покривање на трошоците за добивање на информацијата. VI. АГЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР Статус на Агенцијата

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents