22 ноември 2022 Бр. 251 - Стр. 55 Огласи IV.1.3) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Да [15.00%] IV.1.4) Авансно плаќање: Не IV.1.5) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не IV.1.6) Резервирани договори Не IV.1.7) Посета на локација/Преглед на придружна документација: Не IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи - изјава дека во последните 5 години не е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело од член 88 став 1 од ЗЈН - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор - Документ за регистрирана дејност: документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. 2.4.2 Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот: - Економскиот оператор треба да поседува доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со Законот за приватно обезбедување (Сл. Весник на РСМ бр. 166/12, 164/13, 148/15, 193/15 и 55/16) Овој услов се докажува со доставување на: - Дозвола за приватно обезбедување во вид услуги за физичко и техничко обезбедување, издадено од Министерство за внатрешни работи (согласно со законот за приватно обезбедување – Сл. Весник на РСМ бр. 166/12, 164/13, 148/15, 193/15, 55/16). IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор - Соодветни изводи од банки: - извод од целокупниот приход на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и, онаму каде што се бара, изјава за приходот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка, и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите инфор- мации - Позитивен биланс на успех во последните три деловни години; -Минимален годишен бруто обрт од услуги за обезбедување од најмалку 11 милиониденари годишно во последните три деловни години IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор - со листа на главни испораки на стоки или извршени услуги со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување потврда за извршени испораки или извршени услуги: Листа на извршени услуги во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување потврда за извршени услуги од најмалку 5 (пет) договори за услуги од ист или сличен вид од предметната набавка од коинајмалку 1 (еден) договор од обезбедување од областа на објектите на културата. - со опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не: Изјава издадена од страна на самиот понудувач, со опис на техничкиот персонал дека -има на располагање најмалку 150 (стопедесет) службени легитимации издадени од Комора за приватно обезбедување на Р.С.Македонија на име на економскиот оператор Економскиот оператор треба да има најмалку 20 (дваесет) извршители со важечки легитимации за техничко обезбедување, издадени од Комора за приватно обезбедување на Р.С.Македонија и истите потребно е да бидат во работен однос со економскиот оператор - има ангажирано најмалку20 (дваесет) извршители кои поседуваат важечки легитимации за техничко обезбедување, издадени од Комора за приватно обезбедување на Р.С.Македонија - во поглед на извршувањето на услугите економскиот оператор да биде усогласен со Законот за заштита на личните податоци - располага со најмалку 15 (петнаесет) лица со сертификати за завршена обука за противпожарна заштита - има на располагање групи за брза интервенција која ќе биде подготвена за итни интервенции дека располага со најмалку 5 (пет) патролни возила од кои најмалку 3 (три) возила се опремени со GPS уред и систем за радиокомуникација располага со најмалку 10 (десет) парчиња огнострелно оружје со дозволи за поседување располага со централен мониторинг систем (дежурен опреативен центара) со технички детали за опреативниот систем ( Back up можности, системи, спецификација, број на вработени) со прилог опис на истиот. ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи V.2) Услови за доставување на понудите V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до 21.12.2022 година во 10:00 часот V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 13.12.2022 година во 15:30 часот V.2.3) Краен рок за одговор на прашања: 15.12.2022 година во 15:30 часот V.3) Период на важност на понудата: 90 дена V.4) Услови за отворање на понудите Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите 21.12.2022 година во 10:00 часот, место: Скопје. V.5) Дополнителни информации V.6) Датум на објава: 21.11.2022 година

اختر الفقرة المستهدفة3

الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات