22 ноември 2022
Бр. 251 - Стр. 41
Прилог:
ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ
СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. Назив и седиште на носителот на лиценцата
Друштво за трговија и услуги ЕНЕРЏИ ПОИНТ
ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. “Карл
Либкнехт” бр. 58 Скопје-Гази Баба, Република Северна
Македонија
2. Енергетската дејност за која се издава лиценцата: Снабдување со електрична енергија
3. Датум на издавање на лиценцата: 21 ноември
2022 година
4. Датум на важење на лиценцата: 21 ноември
2032 година
5. Евидентен број на издадената лиценца: ЕЕСНАБ-762-2022
6. Единствен матичен број: 7522177
7. Единствен даночен број: 4043021531060
8. Вид и обем на енергетската дејност што ќе се
врши
Како снабдување со електрична енергија во смисла
на оваа лиценца, се смета набавување на електрична
енергија од земјата и од странство, заради продажба на
потрошувачи, трговци, други снабдувачи, операторот
на електропреносниот или операторите на електродистрибутивните системи како и на други учесници на пазарот н�� електрична енергија согласно член 100 од Законот за енергетика*.
9. Опис на условите и начинот на вршење на дејноста
Енергетската дејност снабдување со електрична
енергија, носителот на лиценцата ќе ја врши преку
склучување на соодветни договори за купување и продажба на електрична енергија и договори за закупување на преносен и/или дистрибутивен капацитет.
10. Подрачје на кое ќе се врши дејноста
Енергетската дејност снабдување со електрична
енергија, носителот на лиценцата ќе ја врши на целата
територија на Република Северна Македонија и странство.
11. Општи обврски за носителот на лиценцата
Носителот на лиценцата е должен да:
- обезбеди непречена и континуирана испорака на
електрична енергија согласно купопродажните договори,
- обезбеди од операторите соодветен преносен
и/или дистрибутивен капацитет во согласност со важечките тарифи, правилата за пазар на електрична
енергија, мрежните правила за пренос и мрежните правила за дистрибуција за електричната енергија која се
обврзал да ја испорача на своите потрошувачи,
- им фактурира на своите потрошувачи надоместок
за испорачаната електрична енергија по договорната
цена како и надоместок за користење на пазарот на
електрична енергија. Доколку снабдувачот има склучено договор со операторот на дистрибутивниот систем,
согласно членот 93 став (5) од Законот за енергетика*,
снабдувачот на електрична енергија на своите потрошувачи ќе им ги фактурира и надоместоците за користење на преносниот и/или дистрибутивниот систем.
Фактурирањето се врши врз основа на мерењата за потрошената активна и/или реактивна електрична енергија
и за ангажираната електрична моќност, извршени од
соодветниот оператор на системот,
- работи во согласност со правилата за снабдување
со електрична енергија и правилата за пазар на електричната енергија,
- ги исполни своите обврски кон потрошувачите во
однос на сигурноста и обемот на снабдувањето,
- обезбеди за своите потрошувачи услуга со квалитет утврден во правилата за снабдување со електрична
енергија,
- обезбеди недискриминаторен третман на сите потрошувачи, а особено за потрошувачите од оддалечените подрачја,
- ги објави на својата веб страница општите услови
на своите договори за снабдување со електрична енергија за малите ��отрошувачи и домаќинствата,
- овозможи потрошувачите да добиваат редовни и
точни известувања за реалната потрошувачка и трошоците за електрична енергија, за да можат да управуваат
со својата потрошувачка,
- овозможи промена на снабдувач на транспарентен
и недискриминаторен начин, без трошоци за потрошувачот, во рок не подолг од три недели од денот кога
потрошувачот доставил барање за снабдување до новиот снабдувач со електрична енергија,
- обезбеди при секоја промена на снабдувач со
електрична енергија, потрошувачот да добие конечно
затворање на сметката во рок од шест недели од настанувањето на промената на снабдувачот,
- воспостави постапки за ефикасно решавање на
приговорите на своите потрошувачи во рок од 60 дена,
вкпучувајќи можност и за вонсудско решавање на спорови и обврска за враќање и/или компензација на средства кога е тоа оправдано,
- ги плати набавените количини на електрична
енергија, како и резервираниот капацитет и регулираните услуги од операторот на електропреносниот систем и/или операторите на електродистрибутивните системи,
- доставува до операторот на електропреносниот
систем податоци за трансакциите и плановите за потрошувачка на електрична енергија за своите потрошувачи, неопходни за пресметка на дебалансите,
- ги објавува општите статистички податоци поврзани со неговите потрошувачи, земајќи ја предвид
заштитата на доверливоста,
- ги плати набавените количини на електрична
енергија, како и закупените капацитети и соодветните
регулирани услуги од операторите на електропреносниот систем и/или на дистрибутивните системи и операторот на пазарот на електрична енергија,
- достави до Регулаторната комисија за енергетика
и водни услуги на Република Северна Македонија, по
нејзино барање и во определен рок, информации и извештаи за своите трансакции и деловните активности
што произлегуваат, завршуваат или поминуваат на територијата на Република Северна Македонија,
- обезбеди соодветен стручен кадар за вршење на
енергетска дејност снадбување со електрична енергија,
- обезбеди соодветна компјутерска и телекомуникациска опрема за издавање и контрола на сметките и комуникација со потрошувачите,
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات