Стр. 24 - Бр. 251 22 ноември 2022 Прилог: ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 1. Назив и седиште на носителот на лиценцата Друштво за производство, трговија и сточарство МАЈА КОМПАНИ ДООЕЛ експорт-импорт с. Кадино Илинден, со седиште во с. Кадино, Илинден, Република Северна Македонија 2. Енергетска дејност за која се издава лиценцата: Производство на електрична енергија 3. Датум на издавање на лиценцата: 21 ноември 2022 година 4. Датум на важење на лиценцата: 21 ноември 2057 година 5. Евидентен број на издадената лиценца: ЕЕПРОИЗ-756-2022 6. Единствен матичен број: 5515971 7. Единствен даночен број: 4030001412826 8. Подрачје на кое се врши енергетската дејност Носителот на лиценцата ја врши енергетската дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ “МАЈА СОЛАР”, на објект бр.5 на КП бр.863, КО Кадино, Општина Илинден. 9. Општи обврски за носителот на лиценцата Носителот на лиценцата е должен да: - постапува согласно член 70 од Законот за енергетика*, - обезбеди сигурно, безбедно, континуирано и квалитетно производство и испорака на електрична енергија до точката на прием во електродистрибутивниот систем, - им ги обезбеди на операторот на електропреносниот систем, операторот на пазарот на електрична енергија, операторот на електродистрибутивниот систем, сите потребни податоци и информации кои се неопходни за извршувањето на нивните обврски од лиценците, во согласност со Мрежните правила за пренос на електрична енергија, Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Правилата за пазар на електрична енергија, - доставува извештаи за опремата, постројките, плановите за одржување и планираната расположливост до операторот на електродистрибутивниот систем, во согласност со Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, - доставува податоци и информации согласно Правилникот за начинот и постапката за следење на функционирањето на пазарите на енергија, - доставува известувања за сите околности, настани и промени кои што имаат или би можеле да имаат влијание врз вршењето на енергетската дејност, - да води одвоено сметководство за секоја поединечна енергетска дејност што ја врши или други дејности кои ги извршува, - ги почитува и да постапува согласно Правилата за пазар на електрична енергија, Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем, Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, како и согласно правилниците и другите прописи кои ги донесува или одобрува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија врз основа на Законот за енергетика*, - овозможи непосреден увид по барање на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, во целокупната документација која што се однесува на вршењето на енергетската дејност за која што е издадена лиценцата, во согласност со Правилникот за лиценци, - работи во согласност со законите, другите прописи и општи акти на Република Северна Македонија, а особено оние кои се однесуваат на вршење на дејноста производство на електрична енергија, заштита на конкуренцијата, заштита на потрошувачите, заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето и заштита при работа. 10. Обврска за доставување на Годишен извештај за работењето Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија најдоцна до 31 март во тековната година да достави Годишен извештај за работењето, вклучувајќи го и извештајот за финансиското и деловното работење во претходната година. Годишниот извештај со сите прилози задолжително се доставува и во електронска форма. Годишниот извештај треба да содржи податоци за: 1) опис и обем на вршењето на енергетската дејност во текот на годината, 2) годишна завршна сметка со сите прилози, 3) преземени мерки во текот на извештајната година за: - заштита на објектите и опремата од надворешни влијанија и хаварии и осигурување на објектите и опремата за вршење на енергетска дејност, - безбедност и здравје при работа, - кадровска екипираност, обука и стручно усовршување на вработените, - заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето, - извршување на мониторинг на работењето, - вршење на дејноста во услови на кризна состојба, промена на условите на светскиот пазар, како и воена и вонредна состојба, 4) извршување на годишната програма за ремонти, 5) реализирање на планот за работа кој што се однесува на соодветната година, 6) извршени инспекциски надзори и контроли од страна на надлежни инспекциски и други државни органи, со приложени фотокопии на записниците, извештаите и решенијата од извршените надзори и контроли. 11. Доверливост на информациите Носителот на лиценцата е должен во согласност со закон, да обезбеди и да гарантира доверливост на деловните податоци и информации при вршењето на енергетската дејност производство на електрична енергија.

اختر الفقرة المستهدفة3

الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات